Портал:Математика/Одбрана статија
Математичката константа π е ирационален реален број, кој го претставува односот на периметарот на една кружница со нејзиниот пречник во Евклидовата геометрија. Бројот π има широка примена во математиката, физиката и инженерството, но се среќава и во други науки. Бројот π исто така е познат и како Архимедова константа (што не е исто со Архимедов број) и како Лудолфов број (по германскиот математичар Лудолф ван Цојлен кој го пресметувал на многу децимали). Постојат различни начини за изразување на Архимедовата константа како дропка, еден од кои е дропката 22⁄7. Постојат брзи методи за генерирање на бројот π со произволна точност. Неговата приближна вредност на пет децимали изнесува 3,14159. прочитајте повеќе