Портал:Крстоносни војни/Избрана биографија
Робер де Сабле — Голем мајстор на витешкиот ред Темплари од 1191 до 1193 и лорд од Кипар од 1191 до 1192 година.
Не е позната неговата дата на раѓање, но се верува дека бил релативно стар кога умрел. Тој е роден во почитувано семејство од Анжу и бил вазал на кралот Ричард I. Неговото владеење како лорд се базирало на повеќе мали земји по долината на реката Сарте коишто ги наследил во шеесеттите години на XII век. Неговиот имот го наследила неговата ќерка Маргарет де Сабле којашто успеала да ја спаси честа мажејќи се со познатиот витез од Третата крстоносна војна Вилијам де Роше. Робер де Сабле умрел во светата земја на 23 септември 1192 или 1193 година. Прочитајте повеќе