Портал:Игри/Избрана статија
Шах (од персиски: شاه - крал) е спортска игра на квадратна табла за двајца играчи. Таблата е поделена на осум редови и осум колони, и има 64 полиња кои се наизменично темни и светли (често се вели „црни“ и „бели“).
Не постојат сигурни податоци за времето на настанување. Најверојатно играта се појавила пред повеке од 2000 години. При археолошките ископувања во Узбекистан биле најдени две фигури изработени од слонова коска, идентификувани како шаховски фигури, а датирани во времето на владеење на царот Хувишке (II век).
Во V век во Индија настала посебна врста на воена игра на дрвена плоча која на санскрит го носи називот „чатуранга“, а што значи четвороделен. Чатуранга, далечниот предок на денешниот шах, била игра која го одразувала поредокот на тогашната индиска војска, а која ја сочинувале 4 рода: пешадија, коњица, слонови и борни коли, а во средината се наоѓа раџа (крал) и неговиот советник мантрин (денешна дама). Движењето на фигурите се одредувало со фрлање на коцка. Во VI век играта била прифатена од Персиците („чатранг“), а од нив ја презеле во VII век Арапите и нарекувајќи ја „шатранџ“, во IX век ја пренеле во Шпанија. Според некои истражувачи, шахот води потекло од Кина или Средна Азија. Прочитајте повеќе