Портал:Геометрија/Избрана биографија
Херон Александриски (околу 10–70) бил старогрчки инженер и геометар од Александрија, тогашен римски Египет. Неговиот најпознат пронајдок е првата парна машина наречена еолипил. Се смета дека бил следбеник на атомизмот. Некои од идеите ги добил од Ктесибиј.
Речиси сигурно е дека тој предавал во Мусеумот во чии рамки спаѓала слвната Александриска библиотека, бидејќи највеќето негови записи се во облик на белешки за предавања на предмети како математиката, механиката, физиката и пневматиката. Прочитајте повеќе