Портал:Географија/Дали знаете...

  • ... дека Амстердам, иако е главен град на Холандија, не е главен град на провинцијата во која е сместен и никогаш (освен во периодот од 1808 до 1810 година) не бил седиште на судот, владата или парламентот на оваа западноевропска земја?
  • ... дека 163 километри-долгиот Суецки канал е најблиската врска меѓу Западната и Источната Земјина полутопка?
  • ... дека Земјата се формирала пред околу 4,57 милијарди години заедно со нејзиниот единствен природен сателит, Месечината?
  • ... дека Котопакси, сместен во Еквадор, со висина од 5897 метри, е највисокиот неактивен вулкан во светот, а додека пак етиопскиот Ерта Алел со своите 2957 метри висина го држи истиот примат меѓу сѐуште активните?
  • ... дека Комското Езеро, сместено крај истоимениот град, всушност официјално се вика Ларио и има форма како превртената латинична буква „Y“?