Портал:Велосипедизам/Избрана статија

Меѓународен велосипедистички сојуз (англиски: International Cycling Union; француски: Union Cycliste Internationale; кратенка: UCI) — светско управно тело за велосипедизмот кое ги надгледува меѓународните велосипедистички натпреварувања. Сојузот има седиште во Егл, Швајцарија.

UCI издава лиценци за натпреварување на возачите и применува дисциплински мерки во врски со допингот. Исто така, UCI ги одредува видовите трки и системот на бодирање во различни велосипедистички дисциплини, вклучувајќи ги планинскиот, друмскиот и велодромскиот велосипедизам, било за мажи и за мажи, било аматерски или професионален. Исто така ги надгледува светските првенства.

Била основана на 14 април 1900 година во Париз од националните велосипедистички организации на Белгија, САД, Франција, Италија и Швајцарија. Ја заменила Меѓународната велосипедистичка асоцијација кога се поставила на спротивната страна во врска со проблемот на Велика Британија, дали треба да биде застапена само со една екипа на Светските првенства или посебни екипи кои ќе ги претставуваат Англија, Ирска, Шкотска и Велс. Британија се почувствувала надитрена и не се приклучила на UCI — под условите кои ги наметнала UCI — до 1903 година. Прочитајте повеќе