Портал:Босна и Херцеговина/Intro
Босна и Херцеговина или скратено БиХ е држава во југоисточниот дел на Европа, сместена на западниот дел од Балканскиот Полуостров. На север, запад и југозапад граничи со Хрватска, а на исток со Србија. На југоисток граничи со Црна Гора. Главен град е Сараево. Независност БиХ прогласува со референдумот кој се одржал во 1992 година. Според пописот од 2006 година, населението на БиХ изнесдува 4 498 976. Порано беше една од федералните единици на Југославија. Босна и Херцеговина се наоѓа во југоисточниот дел на Европа, на западниот дел од Балканот. Вкупната површина на земјата изнесува 51 129 км2. Таа граничи со Хрватска на север, северозапад и југ со вкупна должина на границата од 932 km, потоа со Србија на исток со вкупна должина на границата од 312 km и со Црна Гора на југоисток со вкупна должина на границата од 20 km. Босна и Херцеговина излегува на Јадранското Море. Самата држава се состои од две географки и историски целини: Босна која се наоѓа на север со околу 42.000 км2, и Херцеговина на југ. Државата е мала планинска земја. Главен град на земјата е Сараево со околу 500 000 жители. Од поголемите градови се издвојуваат: Бања Лука, Тузла, Мостар, Бихаќ, и други. (Дознајте повеќе...)