Icon

Поимот биографија (грчки bios (βίος) = живот и graphin (γράφειν) = да се пишува), е одомаќинет во речиси сите европски јазици. Означува животопис, или опис на нечиј животен пат. Истовремено, се однесува на секое литературно или филмско остварување што ги презентира најинтересните моменти од нечиј живот. Иако може да се однесува и на непостоечка, најчесто биографиите ги обработуваат деталите од животот на некоја реална и историски важна личност.