Портал:Архитектура/Избрана статија/2009/март
Византиска архитектура — архитектонски стил која настанала на територијата на Источното Римско Царство (во модетните текстови познато како Византија). Постепениот подем на уметничко и културно ниво настапил по 330 година, кога императорот Константин I Велики ја преместил престолнината на империјата од Рим во Византион, или подоцна попознат како Новиот Рим (или како што подоцна ќе се нарекува Константинопол, односно Истанбул). Империјата, која постоела повеќе од илјада години, драматично влијаела во создавањето и изградбата на средновековната архитектура во Европа. По падот на Константинопол во 1453 година, елементите на византиската архитектура во голема мера се задржиле и кај османлиската архитектура.
Раната византиска архитектура претставува продолжение на римската архитектура. Постепеното развивање на самата култура, создавањето на сопствени елементи во архитектурата, со влијание од Блискиот Исток, како и користењето на грчкиот крст во црковната архитектура доведува до сè поголемо развивање на византиската архитектура. Главен градежен материјал при изградбата на згради и некои други објекти било тула и камен. Прочитајте повеќе