Портал:Архитектура/Избрана градба/2009/септември
Хавардски замок — достоинственички дом во Северен Јоркшир, Англија, 24 км северно од Јорк. Ова е една од највеличествените приватни резиденции во Британија, во најголем дел изградена помеѓу 1699 и 1712 г. за третиот Ерл од Карлајл, дело на архитектот Џон Ванбру. Ова не е вистински замок: зборот често се употребува за англиските куќи на село изградени по времето на градителството на замоци (~1500) и не е наменет да служи никаква воена функција.
Хавардскиот замок е дом на дел од семејството Хавард веќе над 300 години. Местото е познато кај гледачите како измислениот „Брајдсхед“ во ТВ адаптацијата на романот на Ивлин Во насловен како „Враќање во Брајдсхед“ и во двочасовната филмска адаптација на истото дело од 2008 г. Денес објектот е член на групата за заштита на кутурното наследство наречена Драгоцени куќи на Англија. Прочитајте повеќе