Портал:Архитектура/Дали знаете
- ... дека Зимскиот дворец во Санкт Петербург е дело на архитектот Бартоломео Растрели?
- ... дека растојанието меѓу двете потпори на еден свод во готската и единица за мерење на растојанието на врамнувањето во рамките на една фасада во класичната архитектура се нарекува дорат?
- ... дека главниот град на Бразил, Бразилија, е архитектонско дело во форма на авион и е дело на архитектите Оскар Нимаер и Лусио Коста?
- ... дека преминот со покрив кој се потпира на столбови се нарекува портик?
- ... дека светилникот во Александтрија е составен од три дела кои претставуваат три геометриски фигури, меѓу ко долниот дел е четириаголна призма, средниот е шестаголна призма и горниот цилиндар?
- ... дека Прицкеровата награда ја вовел претприемачот Џеј Прицкер во 1979 година?