Портал:Антарктик/Избрана статија

Јужниот Пол е најјужната точка на Земјата.

Географскиот Јужен Пол е една од двете точки каде оските на вртење на земјата ја сечат површината (другата е Северен Пол). На оваа точка се мисли најчесто кога се спомнува „Јужен Пол“.

Првите луѓе кои стапнале на географскиот Јужен Пол се Роалд Амундсен и неговата група на 14 декември 1911 година. Главниот соперник на Амундсен, Роберт Фалкон Скот стигнал на полот еден месец подоцна. На враќање, Скот и неговата четворочлена група умреле од глад и екстремен студ. Постојат повеќе експедиции кои пристигнале на Јужниот Пол со превозни средства. Прочитајте повеќе