Пол Шујлер Филипс (англиски: Paul Schuyler Phillips, р. 28. април 1956 година во Њу Џерси, САД) е американски диригент, композитор и музиколог. Тој е директорот „Гретхен Б. Кимбал“ за оркестарски студии со звање вонреден професор на Стенфордовиот универзитет.[1] Филипс е диригент на Стенфордовиот симфониски оркестар и Стенфордовата филхармонија. Истовремено, тој е директор и диригент за Симфонијата и Хорот на Пионерската долина. Претходно, Филипс беше Директор на оркестарска и камерна музика на Брауновиот универзитет.

PaulSPhillips.jpg

Филипс е редовно присутен на меѓународните сцени како диригент и композитор. Неговата истражувачка работа за творештвата на Игор Стравински и Ентони Берџес е особено позната.[2]

НаводиУреди

  1. „Paul Phillips | Department of Music“. music.stanford.edu. Посетено на 2020-04-14.
  2. University, Stanford (2017-06-12). „New conductor appointed for Stanford Symphony Orchestra and Stanford Philharmonia“. Stanford News (англиски). Посетено на 2020-04-14.