Полски џез
Полскиот џез има историја која опфаќа периоди на прифаќање и на политичка репресија.
Пред комунизмот (1930–39)
уредиПочетокот на џезот во Полска е тешко да се одреди. Уште во 1930-тите, клубовите во Варшава, Краков, Жешов или Познањ свиреле џез. Ова се стремело да биде свинг и дел од него бил под влијание на традиционалната класична музика. Американската популарна музика (особено песните од Џорџ Гершвин) била во голема побарувачка.[1] Еди Роснер се смета за првиот полски џез музичар од поголемо значење.
Сталинистичка репресија (1945–58)
уредиПо преземањето од страна на комунистите, џезот првично бил потиснат. Иако постоеле групи како Меломани, џезот бил официјално осуден и забранет од радиото.[2] Музичарите дознале за џезот слушајќи радио пренос на кратки бранови на Џез Час на Гласот на Америка на Вилис Конвер или шверцувајќи џез плочи од странство.[3] Наскоро полските џез музичари почнале да организираат концерти и првиот официјален џез фестивал се одржал во Сопот во 1956 година.
Либерализација (Надвор од подземјето 1958–67)
уредиПо смртта на советскиот лидер Јосиф Сталин, џезот во Полска добил нова слобода. Во 1958 година, Дејв Брубек ја посетил Полска и џез-сцената на нацијата била под влијание на кул џезот. До шеесеттите, три нишки се појавиле како доминантни; трад џез, „мејнстрим“ и фри џез. Кшиштоф Комеда станал лидер на модерното џез движење кое не го копирал американскиот начин на свирење, туку развил свој „европски“ стил, особено со неговиот албум Астигматик[4] снимен во декември 1965 година.
Полски џез музичари
уреди- Хана Банасзак (роден 1957) – вокалист
- Дарек Олешкевич - басист
- Јацек Бенднарек – басист
- Марек Близински – гитарист
- Крзесимир Дебски –виолинист, пијанист, композитор
- Урсзула Дуџиак – пејач
- Мациеј Фортуна – трубач
- Богдан Холовниа – пијанист (Беркли студент)
- Јанусз Грзивакз – пијанист
- Марчин Јар – тапанар
- Славек Јаскулке – пијанист
- Казимиез Јонкисз – тапанар
- Ана Марија Јопек – вокалист
- Војчек Каролак – Hammond organist, клавијатурист, пијанист (се опишува себеси како „американски џез и R&B музичар, роден по грешка среде Европа“)
- Јацек Кочан – тапанар, композитор
- Крзизтоф Комеда – композитор, пијанист, филмска музика (поврзана со Роман Полански)
- Јанусз Ковалски – тенор саксофонист (Беркли студент)
- Славомир Кулпович – пијанист, композитор, (под влијание на музиката на Индија и музиката на Џон Колтрејн)
- Андреј Курилевиз – пијанист, трубач, тромбонист, композитор (исто така класична музика) Адам Маковиз – пијанист (во моментов живее во Торонто)
- Марцин Масецки – пијанист (Беркли студент)
- Дорота Мискијевиз – вокалист
- Микал Мискијевиз – тапанар
- Лесзек Можџер – пијанист
- Јануз Мунијак – саксофонист
- Збињиев Намиловски – алт саксофонист
- Марек Напиорковски – гитарист
- Бартоломиеј Олес – тапанар (слободна импровизација)
- Марчин Алес – басист (слободна импровизација)
- Влоџимиерс Павлик – Греми победник за Ноќ во Калисија пијанист, композитор
- Адам Пјеронцзик – саксофонист
- Андрзеј Прзибиелски – трубач
- Збигнив Сеиферт – виолинист, саксофонист, (под влијание на музиката на Џон Колтране)
- Владислав (Аџик) Сендецки - пијанист
- Станислав Сојка (Стан Сојка) – вокалист, пијанист, гитарист, текстописец
- Томасз Станко – трубач (снимен за ECM) и композитор, поврзан со слободен џез и авант-гарде
- Јарослав Смиетана - гитарист
- Адам Таубиц – виолинист (исто така класичен со Berlin Philharmonic)
- Андрзеј Трзасковски – пијанист, композитор
- Микал Урбанијак – виолинист, саксофонист
- Марцин Василевски – пијанист
- Јан Птасзин Вроблевски – тенор и баритон саксофонист, композитор, аранжер, (џез диџеј на Polskie Radio Program III)
- Ага Зарјан – вокалист (Blue Note Records уметник за снимање)
- Андрзеј Зауча – вокалист
Поврзано
уредиНаводи
уредиНадворешни врски
уреди- Странец водич за полскиот џез во Culture.pl