Полска филмска школа
Полска филмска школа (полски: Polska Szkoła Filmowa) — претставува група на полски режисери и сценаристи што делувале и создавале помеѓу 1955 и 1963 година.[1]
Оваа група била под влијание на италијанскиот неореализам. Либералните промени што се случиле во Полска по 1956 години помогнале да се промени ракурсот во согледбите на историските и социјалните случувања и прилики.[2] Особено за поинаквите гледишта за време на Втората светска војна и германската окупација.
Меѓу најважните теми биле поранешните војници на полското движење на отпорот и нивната улога во повоената полска историја како и националните трагедии како што биле концентрациските логори и Варшавското востание.[3] Политичките промени овозможиле групата јавно да размислува за неодамнешната полска историја.
Полската филмска школа била прва што го истакнувала националниот карактер на Полјаците и едно од првите уметнички движења во Средна Европа што отворено се спротивставила на движењето и диктатот на социјалистичкиот реализам.[4]
Членовите на движењето честопати ја истакнувале улогата на поединецот во однос на општеството.
Поистакнати режисери и филмови
уреди
|
|
Наводи
уреди- ↑ „HISTORIA POLSKIEGO FILMU - ARTYKUŁY - AKADEMIA POLSKIEGO FILMU“. www.akademiapolskiegofilmu.pl. Посетено на 2020-04-01.
- ↑ „Akademia Filmowa“. www.akademiafilmowa.pl. Посетено на 2020-04-01.
- ↑ „POLSKA SZKOŁA FILMOWA“. Wiedza o kulturze (полски). 2010-01-19. Посетено на 2020-04-01.
- ↑ „Katalog - NINATEKA“. ninateka.pl. Архивирано од изворникот на 2021-05-18. Посетено на 2020-04-01.
- ↑ „Autores“. Архивирано од изворникот на 2018-02-23. Посетено на 2020-03-31.