Тетовско-гостиварска епархија

(Пренасочено од Полошка епархија)


Тетовско-гостиварска епархија или Полошка епархија — една од 15-те епархии на Македонската православна црква - Охридска Архиепископија. Епархијата е создадена со одлука на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА на 17 септември 2013 година, како една од наследничките на Полошко-кумановската епархија. Епархијата ја возглавува Неговото Вископреосвештенство митрополитот Јосиф. Оваа епархија се протега на територијата на градовите: Тетово и Гостивар, како и Мавровско-реканскиот крај.

Тетовско-гостиварска епархија

Епархоското седиште - тетовскиот соборен храм „Св. Кирил и Методиј“
Основач МПЦ - ОА
Независност
Признавање православие
Поглавар Јосиф
Седиште Тетово
Територија Полог (Тетово, Гостивар, Мавровско)
Власт
Јазик македонски, старословенски
Верници
Портал tge.mk

Митрополити

уреди
Име Години на управување
Митрополит Тетовско-гостивараски г. Јосиф 3 ноември 2013[1] - денес

Наводи

уреди
  1. Пополнети новоформираните епархии во Тетово и во Куманово. Архивирано од изворникот на 2013-09-21. Посетено на 2014-03-03.

Надворешни врски

уреди