Полона Ловшинсловенечка сликарка и илустраторка, родена е на 10 јуни 1973 во Љубљана, СФРЈ денес Словенија[1].

Полона Ловшин
Родена 10 јуни 1973
Љубљана,  СФРЈ

 Словенија

Националност Словенка
Занимање сликар, илустратор

Животопис уреди

Дипломирала сликарство на Академијата за ликовна уметност во Љубљана во класата на истакнатиот словенечки уметник Херман Гвардјанчич[2].

Со илустрации на книги, списанија, сликовници, започнала да се занимава од 1990 година. Соработувала со издавачката куќа „Младинска книга“ како и со списанијата: „Змајче“, „Цицидо“, „Цицибан“, „Кекец“, воедно илустрирајќи голем број учебници и сликовници.

Илустрацииите за сликовницата „Бобек и барчица“, биле номинирани за најдобри и оригинални сликарски решенија на сликовница и книга за деца во Словенија за 2004 година.

Во 2006 година година ја добила наградата за најдобро илустрирана детска книга во Словенија за сликовницата „Медо ја решава збунетоста сета“.

Ловшин во континуитет соработува со истакнати странски издавачки куќи: Пан Макмилан, „Пингвин“ и „Темплар[3].

Нејзиното творештво е претставувано на Саемот на книгата (секоја година во Љубљана), како и на Саемот на книгата во ТБолоња, на Биеналето за уметнички илустрации во Јапонија и Братислава.

Публикува и приредува самостојни изложби во Словенија и во странство:Италија, Словачка, Јапонија...

Полона Ловшин е една од нај истакнатите словенечки илустраторки и сликарки а со бројните соработки со странските познати издавачки куќи и самостојни изложби таа го потврди своето истакнато уметничко меѓународно реноме[4].

Живее и работи во Љубљана

Творештво уреди

Поистакнати илустрации на книги уреди

Награди уреди

  • Номинација за оригинална словенечка сликовница за сликовницата „Бобек и барчица“, 2004 година
  • Награда за оригинална словенечка сликовница за сликовницата „Медо ја решава збунетоста сета“, 2006 година

Наводи уреди

  1. „Polona Lovšin“. Архивирано од изворникот на 2017-02-25. Посетено на 2020-06-28.
  2. Polona Lovšin - Illustrations
  3. Polona Lovšin
  4. Polona Lovšin – ilustracije[мртва врска]
  5. DADDIES ARE AWESOME
  6. illustrations by Polona Lovšin
  7. Polona Lovšin (Illustrations)

Надворешни врски уреди