Првите полициски возила на македонската држава се појавиле со одлуките на севкупната Југославија и во тоа време милицијата во Македонија дејствувала според начелата на социјалистичката федеративна република. Како и низ останатите републики во државата така и во СР Македонија се возеле полициските верзии на Застава 750, Југо и слично. По осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година, возилата на народната милиција излегуваат од функција и новосоздадената македонска полиција ја започнува сопствената историја на полициски возила. Сепак, низ текот на годините полициските возила го задржувале стилот на уредување на ознаките од народната милиција односно возилата биле обоени во сина или бела боја, носеле син или бел текст со големи букви на кој пишувал „Полиција“ и грбот на Министерството за внатрешни работи, што е случај и во денешниот изглед на регуларните полициски возила.
Предна (горе) и задна (доле) македонска полициска регистарска таблица
Полицијата во Македонија спротивно од другите јавни служби, располага со сопствени регистарски таблици, меѓутоа тие се достапни само за полициските служби во рамките на Министерството за внатрешни работи (Регуларната, специјалната, граничната полиција). Предната регистарска таблица е на бела позадина која на врвот има црвена линија. На дното од таблицата на англиски јазик пишува „Police“ (Полиција) со бели и големи букви кои се сместени во црвена платформа а над таа платформа со сини и големи букви пишува „Полиција“. Задната регистарска таблица е на бела позадина со исто така црвена линија на врвот. Во средината на таблицата стои грб на МВР. Помеѓу грбот има три идентификувачки бројки од левата и три од десната страна кои се во сина боја.
Возилото се користи од сите полициски канцеларии, станици, сектори во Македонија и е најпрепознатливото возило на македонската полиција. Има и друга верзија на возилото која се користи како водечко возило при сообраќајно и ескортно обезбедување (СЕО) на важни личности, функционери и сл. а единствена разлика во надворешниот изглед е сирената која се појавува во сина и црвена боја.[1]
Граничната полиција користи специјализирана верзија на џипот надоградена со камери за следење кои се користат за набљудување на одредена месност поради спречување нелегални преминувања на границата, трговија и сл.
Возилото кое го користи регуларната полиција за разлика од оригиналот е надограден со висок кров. Оваа марка на комбе, без ознаки и без надограден кров ја користи и специјалната полиција. Во 2014 година на подрачјето на Скопје бил промовиран проект за мобилни полициски станици, возилото со кое требало да се извршуваат активностите од овој проект било ова комбе.[3][4]
Се користи од Одделението за претходница и сообраќајно и ескортно обезбедување (СЕО) при неговите активности меѓу кои е и ескортот на важни личности, функционери и сл.[1]