Полимерни банкноти

Полимерните банкноти се банкноти направени од полимер од видот на биаксијално ориентиран полипропилен. Таквите банкноти вклучуваат многу безбедносни одлики кои не се достапни во хартиените банкноти, вклучувајќи ја и употребата на метамерни мастила. Полимерните банкноти траат значително подолго од хартиените, предизвикувајќи намалување на влијанието врз животната средина и намалени трошоци за производство и замена.

Современите полимерни банкноти за првпат биле развиени од страна на Резервната банка на Австралија (РБА), Организацијата за научни и индустриски истражувања на Комонвелтот (ЦСИРО) и Универзитетот во Мелбурн. Прво биле издадени како валута во Австралија во 1988 година, а во 1996 година Австралија целосно се префрлила на полимерни банкноти.

Други земји кои целосно се префрлиле на полимерни банкноти се: Брунеи, Малезија, Канада, Нов Зеланд, Папуа Нова Гвинеја, Романија и Виетнам. Најновите земји што вовеле полимерни банкноти во општ промет се: Обединетото Кралство, Нигерија, Зеленортски Острови, Чиле, Гамбија, Никарагва, Тринидад и Тобаго, Малдиви, Мавританија, Боцвана, Саун Томе, Принсип и Македонија.