Метамеризмот е ситуација каде два различни колор примероци со различна спектрална вредност и распространетост изгледаат како да е иста боја кога се набљудуваат една до друга. Со спектралната распространетост се дефинира опсегот на вкупната емитирана светлина, пренесена или рефлектирана од обоениот примерок со видливата, за човековото око бранова должина. Како и да е, човековото око е составено од три светлоприемници (фоторецептори), што значи дека сите бои се распоредени во три сензорски вредности, наречени тристимулски вредности.

Осетливост на трите вида рецептори за боја

Метамеризмот, како појава настанува заради тоа што секоја рецепторска ќелија реагира на светлосната енергија од широкиот интервал на бранови должини, па така различни комбинации од светлина преку брановите предизвикуваат идентичен рецепторски одглас при препознавањето на бојата од тристимулската вредност. Два спектрално различни колор примероци кои визуелно се поклопуваат се нарекуваат метамери.

Извори на метамеризмот

уреди

Метамерските поклопувања се многу чести, особено во неутрални (сива или блиски до неа бои), или темни бои. Како боите стануваат посветли или позаситени, така се смалува интервалот на метамерско можно поклопување.

Поклопувањето помеѓу два светлосни извори ја дава трихроматската основа на колориметријата. За секој регистриран светлосен стимул, без разлика на неговата форма или спектрална крива, секогаш постои единствена комбинација од трите примарни бои, кои кога ќе се измешаат или се пренесени на стимулусот, потполно ќе се поклопат со дадениот светлосен бран.

Основата на речиси сите комерцијални уреди за обработка и репродукција на боја (фотографија, телевизија, колор печатач и сл.) е во нивната способност за извршување на метамерско поклопување.

Метамерското поклопување со користење на рефлексивни материјали е многу тежок и комплексен процес. Појавата на боја на ваква површина е условена од рефлексионата крива на самиот материјал, како и од спектралната емисија на светлина од изворот кој го осветлува материјалот. Како резултат на тоа, бојата на површината зависи од светлосниот извор кој ја осветлува самата површина.

Метамерички недостатоци

уреди

Поимот “ илуминантни метамерички недостатоци ” се користи за опишување на ситуацијата каде два колор примероци се поклопуваат кога се разгледуваат под еден извор на светлина, но не и под друг, со различен емисионен спеетар од претходниот. Голем број на флуоресцентни ламби произведуваат невообичаена или остра емисиона крива, па во тој случај примероците не се поклопуваат. Дури и да се метамерички, се поклопуваат под усвитена “ бела ” светлина со приближно рамна или глатка емисиона крива. Боите кои се поклопуваат разгледувани под еден светлосен извор не мора да значи дека ќе се поклопуваат и под друг.

Во нормален случај некои одлики на материјалот (прозирност, сјај или површинска обоеност) не се земаат во предвид при колор поклопувањето. Како и да е, геометриската метамеричка грешка настанува кога два обоени примероци се усогласуваат во случај на набљудување под некој одреден агол, но не и кога се разгледуваат под, друг, различен агол (пр. за овој недостаток е колор варијацијата која се забележува при прегледување на фото финишот во некои спортски натпревари).

Обсерверски метамерски недостаток настанува заради различната способност за колор перцепција помеѓу набљудувачите. Слична појава која спаѓа во оваа група е и непрепознавањето на боите (color blindness), која неретко се јавува меѓу живите суштества. Треба да се напомене дека секоја личност има различен степен на светлосна осетливост. Ова им дава сосема поинаква важност на различните бранови должини од видливиот спектар при колор перцепцијата кај секој набљудувач. Како резултат на тоа, два различни светлосни извори продуцираат колор усогласување за еден, но не и за друг набљудувач.

Метамерски недостаток кој настанува заради големината на обоените полиња (Field size metameric failure) се јавува поради тоа што релативниот однос на рецепторските ќелии во ретината, се менува, од центарот на визуелното поле, накај периферниот, па така боите кои се усогласуваат при набљудување на мала обоена површина, изгледаат поинаку кога се претставени во големо обоено подрачје. Во голем број на графички организации, големите обоени полиња се користат за одредување на колор толеранцијата.

Разликата во спектралниот состав на две метамерски усогласувања, често се нарекува степен на метамеризмот. Осетливоста на метамерското усогласување на секоја промена во спектарот кој ја формира бојата зависи од степенот на метамеризам. Два стимули, со висок степен на метамеризам многу веројатно ќе бидат осетливи на секоја промена на илуминантноста, материјалот, набљудувач, аголот на набљудување и сл.

Поимот метамеризам во многу случаи погрешно се толкува. Повеќе се користи за дефинирање на метамерски недостаток, отколку за усогласување или опис на ситуација во која две бои се високо метамерични, па во тој случај, метамерското усогласување лесно се нарушува со најмала промена на условите, како што е на пр. промена на изворот на светлина.

Поврзано

уреди

Белешки

уреди
  • Wyszecki, Günter and Stiles, W.S. (2000). Color Science - Concepts and Methods, Quantitative Data and Formulae (2. изд.). New York: Wiley-Interscience. ISBN 0-471-39918-3.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  • R.W.G Hunt. The Reproduction of Color (2nd ed.). Chichester: John Wiley & Sons, 2004.
  • Mark D. Fairchild. Color Appearance Models Addison Wesley Longman, 1998.

Надворешни врски

уреди