Полачки манастир
манастир во Македонија
Полачки манастир — манастир во близина на кочанското село Полаки.
Воздушен поглед на манастирот | |
Информации | |
---|---|
Целосно име | Манастир „Вознесение Христово“ - Полаки |
Манастир на: | МПЦ - ОА |
Основан | 1936 |
Посветен на | Вознесение Христово |
Епархија | Брегалничка |
Цркви | „Вознесение Христово“ |
Личности | |
Место | |
Место | Полаки, Општина Кочани |
Координати | 42°2′8″N 22°25′10″E / 42.03556° СГШ; 22.41944° ИГД |
Отворен за јавноста | да |
Местоположба
уредиМанастирот се наоѓа на рид, на патот за маалото Борово Брдо, високо над вливот на Лиса во Борова Река, каде се наоѓа и археолошкото наоѓалиште Св. Спас.[1] До него води земјен пат, кој започнува од маалото Скорово.
Историја
уредиГрадби во манастирот
уредиМанастирот е составен од една црква, конак, трпезарија и помошни објекти.
Црква „Вознесение Христово“
уредиВо 1936 година била подигната манастирската црква, која била обновена во 2001 година.
Конаци
уредиКонаците во манастирот потекнуваат од сличен период кога била подигната самата црква. Најпрвин, во нив било сместено првото селско училиште.[1]
Слава
уредиНа денот на манастирската слава (Спасовден), како и на празниците Велигден и втор ден Божиќ, манастирот е посетуван од страна на мештаните.[1]
Галерија
уреди-
Трпезаријата
-
Манастирскиот двор
-
Влезната порта
-
Помошен објект
-
Конаците
-
Трпезаријата
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Атанасова, Илинка (2014). „Полаки (за шопските краишта во кочанско)“. Посетено на 15 ноември 2024.
Надворешни врски
уреди- Полачки манастир на Ризницата ?