Поимник на македонски зборови од информатичката технологија
Поимник на македонски зборови од информатичката технологија — двојазичен речник, англиско-македонски, на зборови, поими и скратеници од областа на информатичката технологија, издаден од Министерството за информатичко општество во 2009 година. Поимникот е достапен на семрежното место на МИОА во електронски облик. [1]
Земја | Македонија |
---|---|
Јазик | македонски |
Издавач | Министерство за информатичко општество |
Издадена | 2009 во Скопје |
Страници | 50 |
Опис
уредиПоимникот на македонски зборови од информатичката технологија е поделен на две дела. Првиот дел содржи околу 1200 заглавни зборови подредени по англиската абецеда и за секоја ставка е даден соодветен збор или поим на македонски јазик. Во вториот дел се дадени 75 англиски скратеници исто така подредени по абецеда за кои е дадено англиското значење, македонската скратеница и значењето на македонски јазик.
Поимникот има за цел да ја зголеми употребата на македонски зборови од областа на информатичката технологија во секојдневната комуникација.
Овој превод на зборовите се смета за официјален во македонскиот јазик и затоа се препорачува на сите институции, претпријатија, организации и на граѓаните на Република Македонија да ги користат преведените зборови од овој поимник.[1]
Изработувачи
уредиВо изработка на поимникот на македонски зборови од областа на информатичката технологија учествувале:[1]
- Даниела Бишкоска, Министерство за култура
- Рената Бурева Ѓурова, Агенција за електронски комуникации
- доц. д-р Славица Велева, Совет за македонски јазик
- Димитар Грозданов, Мајкрософт Македонија
- доц. д-р Анета Дучевска, Совет за македонски јазик
- проф. д-р Дејан Ѓорѓевиќ, Факултет за електротехника и информaциски технологии
- академик Љупчо Коцарев, МАНУ
- Љупчо Крстевски, Европски универзитет
- д-р Лилјана Макаријоска, Совет за македонски јазик
- Лидија Милевска, Министерство за информатичко општество
- Иван Митревски, МАСИТ
- проф. д-р. Драган Михајлов, Факултет за електротехника и информaциски технологии
- Николче Мицкоски, Филолошки факултет
- Марија Николоска, Министерство за информатичко општество
- Саша Огненовски, Сојуз на Стопански комори
- Кирил Самарџиоски, Генерален секретаријат на Владата на Република Македонија
- проф. д-р Миле Ј. Станковски, Факултет за електротехника и информaциски технологии
- доц. д-р Томислав Треневски, Совет за македонски јазик
- д-р Eлка Јачева Улчар, Институт за македонски јазик
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Поимник на македонски зборови од информатичката технологија“ (PDF). МИОА. Посетено на 5 јуни 2022.