Дејан Ѓорѓевиќ (професор)
Дејан Ѓорѓевиќ (Скопје, 9 декември 1967) – универзитетски професор на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство.[1]
Дејан Ѓорѓевиќ | ||
Роден | 9 декември 1967 Скопје | |
---|---|---|
Занимање | универзитетски професор |
Животопис
уредиДејан Ѓорѓевиќ е роден во Скопје во 1967 година. На Електротехничкиот факултет во Скопје дипломирал во 1992 година, магистрирал во 1997, а докторирал во 2004 година. На факултетот се вработил веднаш по дипломирањето како помлад асистент, напредувал во доцент во 2004 и вонреден професор во 2009 година. Во еден мандат бил продекан за настава на ФЕИТ.[2] Со основањето на ФИНКИ преминал на овој факултет и станал редовен професор во 2014 година.[1]
Одговорен е за 6 предмети на додипломски и четири предмети на магистерски студии. Автор е на преку 70 научни и стручни трудови објавени на домашни и меѓународни конференции и списанија. Учествувал во десетина апликативно истражувачки мултилатерални и билатерални проекти со повеќе универзитети од Европската унија. Член е на IEEE од 1991 и на ACM од 1997 година. Полињата на неговиот научно-истражувачки интерес вклучуваат: препознавање на облици, софтверско инженерство, машинско учење и напредни веб технологии.[2][1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Дејан Ѓорѓевиќ“. ФИНКИ. Посетено на 3 април 2024.
- ↑ 2,0 2,1 50 ГОДИНИ ФАКУЛТЕТ ЗА ЕЛЕКТРОТЕХНИКА И ИНФОРМАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ. Скопје: Факултет за електротехника и информациски технологии. 2009. стр. 157. ISBN 978-9989-630-58-3.
|access-date=
бара|url=
(help)