Под усвитеност (роман)

„Под усвитеност“роман на македонскиот писател Димитар Солев од 1957 година.

Под усвитеност

Содржина

уреди

За романот

уреди

Во романот „Под усвитеност“ Солев ја претставува воената атмосфера во поробениот град и судбината на младината во тие услови. Во таа смисла, романот може да се смета како продолжение на збирката „Окопнети снегови“ при што се среќаваат дури и некои слични ситуации. Сепак, за разлика од „Окопнети снегови“, во овој роман на прв план е ставена активната компонента на отпорот и борбата против злосторството при што младоста се јавува како носител на негацијата на црната реалност и откривач на нови, светли хоризонти. Централна тема на романот е неколкудневната историја, исполнета со психолошка тензија, на група млади луѓе кои подготвуваат атентат врз окупаторскиот шпион. Притоа, сложената раскажувачка материја, авторот ја предава низ згустен, драматичен и богат психолошки пресек на главните ликови. Истовремено, и во ова дело се среќава живата и течна реченица со складна композициска структура, карактеристична за неговото прво дело.[1]

Наводи

уреди
  1. Александар Спасов, „Димитар Солев или Достоинство на авангардниот реализам“, во: Димитар Солев, Одбрани раскази. Скопје: Мисла, 1970, стр. 7-9.

Поврзано

уреди