Побошки манастир
Побошки манастир — средновековен манастир во скопското село Побожје.[1] Прогласен е за споменик на културата на Македонија.
Поглед на манастирските конаци | |
Информации | |
---|---|
Целосно име | Манастир „Рождество на Пресвета Богородица“ - Побожје |
Други имиња | Манастир „Св. Богородица“ - Побожје |
Манастир на: | МПЦ - ОА |
Посветен на | Пресвета Богородица |
Епархија | Скопска |
Цркви | Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ |
Личности | |
Место | |
Место | с. Побожје, Општина Чучер-Сандево Македонија |
Координати | 42°7′32″N 21°25′42″E / 42.12556° СГШ; 21.42833° ИГД |
Видливи остатоци | 1 црква, конаци, помошни објекти |
Отворен за јавноста | да |
Местоположба
уредиМанастирот е сместен на падините на планината Скопска Црна Гора, веднаш над скопското село Побожје, од каде води тесен асфалтиран пат во должина од 1 километар. Манастирот е подигнат во живописната долина на Побошка Река.[2]
Историја
уредиСе смета дека манастирот, како и голем број црковни споменици во околината на Скопје, биле изградени во XIV век. Првпат е споменат во повелба на кралот Милутин од 1300 година.[2]
Во текот на отоманскиот период, манастирот било едно од верските и културните средишта на овој крај.[2]
Манастирот отсекогаш имал монаси.[2]
Градби во манастирот
уредиОд манастирскиот комплекс до денес се сочувани: манастирската црква, старите и понови конаци и други помошни стопански објекти.
Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Побожје
уредиЦрквата поседува зачуван живопис.[2]
Галерија
уреди-
Манастирската порта
-
Стариот конак
-
Конак со чардаци
-
Манастирската црква
Наводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Трифуноски, Јован Ф.; Трифуноски, Јован Ф. (1971). Скопска Црна гора : природна средина, прошлост, насеља, становништво и привреда : (са скицама, фотографијама и картом) = Skopska Crna Gora : antropogeographische Forschungen. Skopje: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. OCLC 637308591.
Надворешни врски
уреди„Побошки манастир“ на Ризницата ? |