Победници (изворно на германски: Die Sieger; Каталог на Вагнеровите дела 89), ― нацрт-скица за оперски текст од Рихард Вагнер.

Победници
Die Sieger
Нацрт за оперско либрето од Рихард Вагнер
Портрет на Вагнер кој го напишал текстот од 1856 до 1858 година, ок. 1862
ЈазикГермански
Засновано наЛегендите за Пракрити и Ананда

Победници била изготвена помеѓу 1856 и 1858 година, во период кога Вагнер бил многу заинтересиран за будизмот. Фрагментарната прозна скица што преживеала покажува дека таа е заснована на легенди кои Вагнер ги открил во Воведот во историјата на будизмот на Ежен Бурнуф од 1844 година. Приказната раскажува за љубовта на отфрлениот чандала Пракрити кон монахот Ананда. Иако и двајцата се отфрлени од другите монаси, Буда го дозволува нивното чисто соединување и му дозволува на Пракрити да се приклучи на монашката заедница.[1]

Пишувајќи ѝ на Мари Сајн-Витгенштајн во 1857 година, Вагнер ја нарекува девојката „Савитри“ и предложува структура во три чина.[2] Тој понатаму напишал за проектот на Матилда Везендонк од Венеција во 1858 година, споредувајќи се себеси и Матилда со Ананда и Савитри.[3]

Не се знае дека се направени музички скици за ова дело. Иако Вагнер планирал продукција на Победници за 1870 година во неговата програма со предлози од 1865 година за кралот Лудвиг II Баварски, тој никогаш не ја напреднал; сепак елементите на приказната опстојуваат во неговата опера Парсифал.[4][5]

Елементите на Победници ги користел британскиот композитор Џонатан Харви во неговата сопствена опера, Вагнеров сон (2007).

Наводи

уреди
Фусноти
  1. Wagner (1995), 385-6
  2. Wagner (1987). 365-6. Писмо од 4 март 1857
  3. Wagner (1987) 424-6. Писмо од 5 октомври 1858
  4. Prose Sketch for Die Sieger in Monsalvat – the Parsifal Pages, посетено на 15 август 2023
  5. Millington (1992), 322
Извори
  • Бери Милингтон (уред.), (1992) The Wagner Companion, Лондон: Thames and Hudson. ISBN 9780500282748
  • Рихард Вагнер, прев. и уред. С. Спенсер и Б. Милингтон, (1982) Selected Letters of Richard Wagner, Лондон: Dent. ISBN 9780460046435
  • Рихард Вагнер, прев. В. А. Елис, (1995), Jesus of Nazareth and other writings. Линколн и Лондон: University of Nebraska Press. ISBN 9780803297807