Плоштад „Република“ (Ереван)
Плоштад Република (ерменски: Հանրապետության հրապարակ, Hanrapetut'yan hraparak, познат и како Храпарак, „градски плоштад“)[5][6] е централниот градски плоштад во Ереван, главниот град на Ерменија. Тој се состои од два дела: елипсоидна раскружница и трапезоиден дел во кој има базен со музички фонтани. Плоштадот е опкружен со пет големи згради изградени во розова боја и жолт туф во неокласичен стил при што се користени ерменски мотиви.[7][8] Оваа архитектонска целина ги вклучува: зградата на владата, Историскиот музеј, Националната галерија, Еремнскиот хотел Мариот, како и министерствата за надворешни работи и за транспорт и врски. Плоштадот бил дизајниран од Александар Таманијан во 1924 година. Изградбата на повеќето од зградите била завршена во 1950-те години, а последната зграда — Националната галерија — била завршена во 1977 година.
Плоштад Република | |
---|---|
Историскиот музеј и Националната галерија (лево) и зградата на Владата (десно), ноќна фотографија, 2013 година | |
Поранешни називи: | Плоштад Ленин (1940–1990)[1] |
Одржува: | Општина Ереван |
Место: | Кентрон, Ереван, Ерменија |
Изградба | |
Изградбата почнала: | 1926[2][3][4] |
Завршена: | 1977[2] |
Во текот на советскиот период плоштадот бил познат како Плоштад Ленин. Во центарот на плоштадот имало статуа на Ленин, а двапати годишно овде се одржувале воени паради. По прогласувањето на независноста Ерменија, статуата на Ленин била отстранета, а плоштадот го добил новото име.[9] Плоштадот Република се опишува како ерменски и еревански „најважен градски простор”,[10] еревански архитектонски врв”,[11] и „најзначајна архитектонска целина” во градот.[12] Патописецот Дејрдр Холдинг напишал дека ова е „едан од најубавите централни плоштади изградени било каде во светот во текот на 20 века”.[13]
Архитектура
уредиПлоштадот се состои од два дела. Првиот дел е елипсовиден кружен тек кој е поплочен со разнобојни камења, така што гледано од воздух, претставува традиционален ерменски ќилим. Другиот дел е трапезоиден по форма, и на него е сместена музичката фонтана која се наоѓа пред Историскиот музеј и Националната галерија.[3] Градбите околу плоштадот биле изградени од розов и жолт туф во неокласичен стил при што се користени ерменски мотиви.[14]
Историја
уредиГрадски плоштад со различни пропорции постоел на оваа локација со векови.[15] Во текот на 2003 година плоштадот бил реновиран кога се извршени и големи ископувања, при кои бил откриен постар слој од 18—19 век.[16] Предсоветскиот плоштад бил дизајниран од страна на Борис Мерабијан (Меграбов), кој го дал предлогот за изглед на плоштадот во својот план за Ереван од 1906—1911 година.[17]
Денешниот плоштад бил дизајниран од страна на Александар Таманијан во рамките на неговиот план за Ереван од 1924 година.[18] Изградбата на плоштадот според планот на Таманијан започнала во 1926 година, кога почнала изградбата на владината зграда.[4][3] Зградата во која е сместена Владата била завршена кон крајот на 1950-те години, а другите згради биле комплетирани до 1977 година, кога била завршена и изградбата на Националната галерија на Ерменија. Плоштадот бил наречен Ленинов плоштад (ерменски: Լենինի հրապարակ, Lenini hraparak; руски: площадь Ленина, ploshchad’ Lenina) според советскиот водач Владимир Илич Ленин, чија статуа била поставена во центарот на плоштадот во 1940 година, а отстранета во 1991 година, по прогласувањето на независноста на Ерменија.
Знаменитости
уредиЗгради
уредиЗграда | Историја и употреба |
---|---|
Зградата е седиште на Владата на Еремнија (совет на владините министри, но не на целата извршна власт). Во зградата првобитно бил сместен Народниот комесаријат (извршен орган на советска Ерменија).[2][19]
Северозападниот дел, изграден во текот на 1926—1929 година, бил дизајниран од страна на Александар Таманијан.[3] Изградбата на останатите делови од зградата ги продолжил Геворг Таманијан, синот на Александар, во текот на 1938[20] и завршил во 1941 година.[2][19] | |
Историски музеј на Ерменија, Национална галерија на Ерменија
Изградбата започнала во 1950-те години. Националната галерија била завршена во 1977 година.[2][21] Дизајнот бил на марк Григоријан и Едвард Сарапијан.[2] Концертната сала Арно Бабаџанјан датира од 1916 година.[2] | |
Зградата била завршена во 1958 година, според дизајнот на марк Григоријан и Едвард Сарапијан.[2][22] Хотелот бил наречен Ерменија во текот на советскиот период. Ова е луксузен хотел кој се смета за еден од водечките хотели во Ерменија.[23][24] Има 380 соби.[25] | |
Зградата била дизајнирана од Самвел Сафарјан, Рафаел Израелјан и Вараздат Аревшатјан[2][26] и била завршена во 1955 година.[2][27] Декорациите над прозорците од првиот кат се недовршени.[28] Во оваа зграда било сместено Министерството за надворешни работи од 1996 до 2016 година.[27] | |
Зградата била изградена во 1933[20]-1956 година, дизајнирана од страна на Марк Григоријан и Едвард Сарапијан.[2] Во зградата било сместено Министерството за транспорт и комуникации до 2016 година.[28] |
Статуа на Ленин
уредиСедум метарската статуа на советскиот водач Владимир Илич Ленин, дело на Сергеј Меркуров стоела на единаесет метри висок пиедестал. Била свечено откриена на 24 ноември 1940 година.[29][30] Статуата била поставена така што гледала кон планираната за изградба Национална галерија, и била прогласена за „големо дело на монументалната уметност“.[31] Статуата била отстранета од пиедесталот на 13 април 1991 година, откако Ерменија прогласила независност, а пред распадот на СССР. Била ставена на камион и „возена околу централниот плоштад како во ковчег“ додека народот весело отпоздравувал.[32] Денес се наоѓа во дворот на Националната галерија. Пиедесталот бил во функција до летото 1996 година, кога бил отстранет.[29]
Замена
уредиТер-Газаријан напишал дека „откако статуата на Ленин била отстранета, плоштадот останал без рамнотежа, а испразнетиот простор бил предмет на различни дизајнерски предлози, но ниеден не успеал.“[31]
На 31 декември 2000 година, 24 метри висок крст осветлен со светилки бил поставен на местото каде претходно се наоѓала статуата на Ленин. Овој споменик бил завршен во 2001 година, што била година кога ерменската држава и ерменската апостолска црква прославувале 1700 годишнина од постоењето на христијанската нација. Крстот бил симболично осветлен со 1.700 светилки, и продолжил да биде во центарот на прославите кои биле одржувани во текот на таа година. Но, кон крајот на 2001 година, периодот на прослави завршил, а крстот бил тивко отстранет. Со оглед на тоа дека бил привремен, немало дискусии ниту при поставувањето, ниту при отстранувањето.[10]
Во февруари 2004 година, бил поставен телевизиски екран со големина на билборд, на кој биле прикажувани реклами.[33] It was removed in 2006.[10]
- Предлози
Во Ерменија биле одржани повеќе натпревари за да се избере соодветна замена за статуата на Ленин. Еден од најчестите предлози бил да се постави овде споменикот на Давид Сасунски, народниот херој на Ерменија. Според Тер-Газаријан поставувањето на овој национален херој би бил најсоодветен избор; но во 2013 година, таа напишала дека е малку веројатно преместувањето на овој споменик од неговото место пред железничката станица на Ереван.[34]
Фонтани
уредиПо години на нефункционалност, музичката фонтана била реновирана од страна на француската компанија „Акватик шоу интернешенел“[35] што чинело околу 1,4 милиони евра.[36] Музичката фонтана била официјално пуштена во септември 2007 година.[37]
Божикно дрво
уредиБожикно дрво било поставувано на плоштадот секој декември од 1950 година.[38]
Чешма
уредиЧешмата, позната и под називот пулпула, била поставена покрај музејските згради, а се состои од седум фонтани, поради што се нарекува и Јот агбијур („седум фонтани“). Првпат била поставена во 1965 година, а била реновирана во 2010 година.[35]
Настани и инциденти
уредиПаради
уредиЗа време на советскиот период, на плоштадот биле одржувани воени паради во деновите: 1 мај (Меѓународен ден на трудот), 9 мај (Денот на поведата, до 1969 година)[29] и 7 ноември (октомвриска револуција).[39][29] Водачите на советска Ерменија стоеле на подиум, поставен под статуата на Ленин.[39] Последната од ваквите паради била одржана во 1988 година.[29]
Воените паради за прослава на независноста на Ерменија се одржале на 21 септември 1996 година (5-та годишнина),[40] во 1999 (8-ма годишнина),[41] во 2006 (15-та годишнина),[42][43] во 2011 (20-та годишнина),[44] и во 2016 (25-та годишнина).[45]
Концерти
уредиНа 30 септември 2006 година, француско-ерменскиот пејач Шарл Азнавур одржал концерт на плоштадот Република.[46]
Н 23 април 2015 година, ерменско-американската рок група System of a Down го одржале својот прв концерт во Ерменија, на плоштадот Република. Концертот бил бесплатен, и посветен на 100 годишнината од ерменскиот геноцид.[47][48][49]
На 8 јуни 2017 година, рускиот хип-хоп уметник Тимати одржал бесплатен концерт на плоштадот, на кој присуствувале повеќе од 40.000 лица.[50]
Политички демонстрации
уреди- Советски период
На 24 април 1965 година, масовни демонстрации се случиле на плоштадот и на други места во Ереван, како одбележување на педессет годишнината од Ерменскиот геноцид.[51][52][53]
Во јануари 1974 година, Размик Зохрапјан, член на Националната обединета партија на Ерменија, на плоштадот го запалил портретот на Ленин, како протест против советското тоталитарно владеење.[54]
- Независна Ерменија
По претседателските избори во 2008 година, новоизбраниот претседател Серж Саргсјан одржал митинг на кој присуствувале околу 60.000 и 70.000 „потенцијални поддржувачи” кои со автобуси биле доведени од различни делови на Ерменија. Многумина од нив се упатиле кон плоштадот Слобода, каде Левон Тер-Петросијан држел контрамитинг.[55] Во март, после строгото казнување на демонстрантите кои го поддржувале Тер-Петросијан, плоштадот за некое време бил окупиран од ерменските вооружени сили.[56]
На 4 мај 2012 година, за време на митингот на Републиканската партија на Ерменија и концертот што се одржувал на плоштадот Република во рамките на парламентарните избори, експлодирале десетици балони наполнети со водород, при што биле повредени најмалку 144 лица.[57][58]
Од 17 до 23 април 2018 година, на плоштадот Република се одржале масовни протести предводени од Никол Пашињан, против владата на ново-избраниот премиер Серж Саргсјан. На 22 април, кога бил уапсен водачот на опозицијата Пашињан, полициските сили биле распоредени на плоштадот. Десетици демонстранти биле отстранети од плоштадот.[59][60] До вечерта, околу 115.000 демонстранти се собрале на плоштадот и околните улици.[61] Во текот на наредниот ден, на 23 април, откако Саргсјан поднел оставка, плоштадот бил место на масовно славење.[62][63] На 24 април, денот на сеќавање на ермеснкиот геноцид, десетици протестанти се собрале на плоштадот за да го исчистат.[64]
Други настани
уредиВо 1968 година, на плоштадот била прославена 2750-та годишнина на Ереван.[39]
На 25 јуни 2016 година папата Франциск и Карекин II одржале екуменска молитва на плоштадот Република.[65][66] На овој настан присуствувале околу 50.000 лица.[67]
Наводи
уреди- ↑ Հանրապետության հրապարակ [Republic Square] (ерменски). Հայկական Համառոտ Հանրագիտարան (Concise Armenian Encyclopedia). 1999. стр. 296.
- ↑ 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 Government of the Republic of Armenia (2 November 2004). „Հայաստանի Հանրապետության Երևան քաղաքի պատմության և մշակույթի անշարժ հուշարձանների պետակական ցուցակ [List of historical and cultural monuments of Yerevan]“. arlis.am (ерменски). Armenian Legal Information System. Архивирано од изворникот на 5 August 2016.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Tigranian 1985, стр. 25.
- ↑ 4,0 4,1 Avetisyan 1979, стр. 80.
- ↑ Pechakjian, Pauline (28 April 2016). „The 10 Best Hotels & Inns in Yerevan, Armenia“. Архивирано од изворникот на 2018-01-12. Посетено на 2018-06-19.
...Republic Square, referred to by locals as the Hraparak...
- ↑ „De-Sovietized Streets“. Armenian International Magazine: 17. September 2001.
The street just off Hraparak...
- ↑ Louis, Victor E.; Louis, Jennifer M. (1987). Louis motorist's guide to the Soviet Union. Pergamon Press. стр. 517. ISBN 9780080318172.
The centre of Erevan is Lenin Square; it was built as an architectural whole using the Armenian national style of architecture.
- ↑ Gregorian, Vartan (2008). The Road to Home: My Life and Times. Simon and Schuster. стр. 178. ISBN 9781439129111.
Buildings around the square were designed to reflect some features of ancient Armenian architecture
- ↑ Schmemann, Serge (8 јули 1992). „In the Caucasus, Ancient Blood Feuds Threaten to Engulf 2 New Republics“. The New York Times.
On the former Lenin Square, now Republic Square, the statue of Lenin is gone and his pedestal is being prepared for demolition.
- ↑ 10,0 10,1 10,2 Ter-Ghazaryan 2013, стр. 584.
- ↑ „Travel to the USSR“ (92–103). 1983: iii.
The city's architectural highlight is Lenin Square, with its statue of Lenin, Government House, the Armenia Hotel, the picture gallery and other buildings. The main streets branch out from Lenin Square.
Наводот journal бара|journal=
(help) - ↑ Gross, Eugenie Harris; Gross, Jeffrey (1977). The Soviet Union: a guide for travellers. J. Murray. стр. 255.
Lenin Square, at the center of the city, contains the most outstanding architectural ensemble in Yerevan. The buildings surrounding the square express a single architectural concept.
- ↑ Holding, Deirdre (2014). Armenia: with Nagorno Karabagh. Bradt Travel Guides. стр. 128. ISBN 9781841625553.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеsedra
. - ↑ Brookes, Richard (1820). The General Gazetteer; or Compendious Geographical Dictionary (17. изд.). London. стр. ERN-ERZ.
Erivan ... The Meidan is and open square, 400 paces over, in which are very fine trees.
- ↑ „Yerevan Walking Tour: Republic Square Excavations“. armenianheritage.org. Armenian Monuments Awareness Project. Архивирано од изворникот на 2019-04-07. Посетено на 2018-06-21.
- ↑ „Հանրապետության հրապարակ“. yerevan.am (ерменски).
- ↑ Ter-Ghazaryan 2013, стр. 579.
- ↑ 19,0 19,1 „Government Building History“. Government of the Republic of Armenia. Архивирано од изворникот на 4 August 2016.
- ↑ 20,0 20,1 Tigranian 1985, стр. 27.
- ↑ „1947-1991 Հայաստանի պետական պատկերասրահ [1947-1991 The State Gallery of Armenia]“. gallery.am (ерменски). National Gallery of Armenia.
- ↑ Gevorgian, A. O. (1979). „Yerevan“. The Great Soviet Encyclopedia.
The main architectural ensemble of the city is Lenin Square, at which several streets converge. On the square are a monument to V. I. Lenin (cast bronze, 1940, sculptor S. D. Merkurov), the Government House of the Armenian SSR (1926-41, A. I. and G. A. Tamanian), the second Government House (1955, S. A. Safarian, V. A. Arevshatian, and R. S. Israelian), the Armenian Historical Museum (1975), the Hotel Armenia (1958), and the building of the Communications Ministry and the Trade Union Council (1956-58); the last three were designed by M. V. Grigorian and E. A. Sarapian.
view article online - ↑ „Armenia Marriott Hotel Yerevan“. marriott.com.
- ↑ Karanian, Matthew; Kurkjian, Robert (2002). Edge of Time: Traveling in Armenia and Karabagh. Stone Garden Productions. стр. 78. ISBN 9780967212029.
The country's flagship hotel is still the massive Hotel Armenia, which faces Republic Square in the heart of the city. In 2003 the hotel will be renamed the Armenia Marriott Hotel Yerevan to reflect its new ownership.
- ↑ „Marriott“. Asian Hotel & Catering Times. 26: 7. 2001.
...the 380-room Armenia Marriott Hotel Yerevan.
- ↑ „Սամվել Սաֆարյան վաստակավոր ճարտարապետ [Samvel Safaryan]“. archmuseum.am (ерменски). National Museum-Institute of Architecture of Armenia. Архивирано од изворникот на 2018-06-16. Посетено на 2018-06-21.
...Կառավարական 2-րդ շենքը Երևանի Հանրապետության հրապարակում (համահեղինակներ՝ Ռ.Իսրաելյան, Վ.Արևշատյան)...
- ↑ 27,0 27,1 „History“. mfa.am. Ministry of Foreign Affairs of the Republic of Armenia. Архивирано од изворникот на 4 August 2016.
- ↑ 28,0 28,1 „Շրջայց Երևանով. Հանրապետության հրապարակ [Yerevan Walking Tour: Republic Square]“. armenianheritage.org (ерменски). Armenian Monuments Awareness Project. Архивирано од изворникот на 2019-04-07. Посетено на 2018-06-19.
- ↑ 29,0 29,1 29,2 29,3 29,4 „Լենինի արձան` (ան)կենդանի պատմություն“. mediamax.am (ерменски). 27 November 2012. Архивирано од изворникот на 4 August 2016.
- ↑ „Խոսող կոթողներ. Լենինի արձան“. 1tv.am (ерменски). Public Television of Armenia. 10 July 2015. Архивирано од изворникот на 8 August 2016.
- ↑ 31,0 31,1 Ter-Ghazaryan 2013, стр. 583.
- ↑ Verdery, Katherine (1996). What Was Socialism, and What Comes Next?. Princeton University Press. стр. 232. ISBN 9781400821990.
- ↑ Tuayeva, Salima (6 February 2004). „From Vladimir to Video: Action movies replace a stoic dictator in Republic Square“. ArmeniaNow.
- ↑ Ter-Ghazaryan 2013, стр. 585.
- ↑ 35,0 35,1 „Հրապարակի շատրվաններն ու ցայտաղբյուրը` կենդանի պատմություն“. mediamax.am (ерменски). Mediamax. 3 April 2013.
- ↑ „Հրապարակում ջրային հրավառություն է լինելու“. Aravot (ерменски). 25 June 2007.
- ↑ „Երևանի Հանրապետության հրապարակի շատրվանները կգործարկվեն մինչև նոյեմբերի 1֊ը“ (ерменски). Armenpress. 27 September 2007.
- ↑ „Ամանորը եւ տոնածառը Երեւանում` կենդանի պատմություն“. mediamax.am (ерменски). Mediamax. 26 December 2012.
- ↑ 39,0 39,1 39,2 Ter-Ghazaryan 2013, стр. 582.
- ↑ „Զորահանդես. 7 տարվա ընթացքում ոչ մի նոր տեխնիկա“ (ерменски). A1plus. 21 September 2006. Архивирано од изворникот на 9 August 2016.
...1996 եւ 1999 թվականների զորահանդեսների...
- ↑ „Armenia Marks Independence Anniversary With Military Parade“. Asbarez. 21 September 1999.
- ↑ „Հանրապետության հրապարակում անցկացվեց զորահանդես` նվիրված ՀՀ անկախության 15րդ տարեդարձին“ (ерменски). Armenpress. 21 September 2006. Архивирано од изворникот на 9 August 2016.
- ↑ „Military parade is over in Yerevan: Armenian tricolor in the sky and 15 artillery salvos (photo report)“. REGNUM News Agency. 21 September 2006. Архивирано од изворникот на 25 May 2009.
- ↑ Danielyan, Emil (21 September 2011). „Armenia Parades Military Might On Independence Day“. azatutyun.am. Radio Free Europe Armenian Service.
- ↑ „Military Parade Highlights Independence Day Celebrations in Armenia“. Asbarez. 21 September 2016.
- ↑ „Charles Aznavour's concert in Armenia“. repatarmenia.org. Repat Armenia Foundation. Архивирано од изворникот на 2016-10-02. Посетено на 2018-06-21.
- ↑ Westcott, Lucy (23 April 2015). „System of a Down's Pilgrimage to Commemorate the Armenian Genocide“. Newsweek.
- ↑ „Watch System of a Down's First Ever Armenian Show“. Rolling Stone. 23 April 2015. Архивирано од изворникот на 2018-06-16. Посетено на 2018-06-21.
- ↑ „Tankian's Message: SOAD vocalist speaks to crowd on Genocide during concert in Yerevan“. ArmeniaNow. 24 April 2015. Архивирано од изворникот на 2018-06-16. Посетено на 2018-06-21.
- ↑ „Տիմատիի բացօթյա համերգին Երևանում ավելի քան 40.000 հանդիսատես էր հավաքվել“ (ерменски). PanARMENIAN.Net. 9 June 2017.
- ↑ Malkasian, Mark (1996). Gha-ra-bagh!: The Emergence of the National Democratic Movement in Armenia. Wayne State University Press. стр. 76. ISBN 9780814326046.
They were also among the university students who skipped classes on 24 April 1965, marching instead toward Yerevan's Lenin Square...
- ↑ Petrone, Karen (2011). The Great War in Russian Memory. Indiana University Press. стр. 288. ISBN 9780253001443.
- ↑ Lieberman, Benjamin (2013). The Holocaust and Genocides in Europe. A&C Black. стр. 213. ISBN 9781441194787.
On the fiftieth anniversary of the Armenian Genocide thousands gathered in Lenin Square in the Yerevan...
- ↑ Payaslian, Simon (2011). The Political Economy of Human Rights in Armenia: Authoritarianism and Democracy in a Former Soviet Republic. I.B. Tauris. стр. 87. ISBN 9780857731692.
In January 1974, Razmik Zohrapyan, a member of the NUP, burned Lenin‖s picture in Lenin Square (now Republic Square) in protest of Soviet totalitarian rule.
- ↑ Pennington, Joseph (28 February 2008). „LTP AND SARGSIAN HOLD DUELING RALLIES; LTP WINS HANDS DOWN“. WikiLeaks. Embassy of the United States, Yerevan.
- ↑ Tavernise, Sabrina (3 March 2008). „Emergency Order Empties Armenian Capital's Streets“. The New York Times.
By Sunday night, military units moved in, taking up position at places like the government buildings at Republic Square.
- ↑ „Vote 2012: Accident at RPA rally causes 144 injuries“. ArmeniaNow. 4 May 2012. Архивирано од изворникот на 2018-11-16. Посетено на 2018-06-21.
- ↑ Stepanian, Ruzanna; Shoghikian, Hovannes (4 May 2012). „Scores Injured As Balloon Blasts Spark Chaos At Armenian Election Rally“. azatutyun.am. Radio Free Europe/Radio Liberty Armenian Service.
- ↑ „Armenian Protesters Detained At Yerevan's Central Square“. Radio Free Europe/Radio Liberty. 22 April 2018.
- ↑ „Police forces deployed to Republic Square, protesters being detained (VIDEO)“. news.am. 22 April 2018.
- ↑ Kucera, Joshua (22 April 2018). „Armenian opposition leader arrested, but protesters rally“. eEurasianet.
- ↑ Navasardian, Boris (23 April 2018). „Armenia looks to the future as protesters celebrate resignation of Prime Minister Serzh Sargsyan“. The Independent.
- ↑ „Thousands Celebrate As Armenia's Longtime Ruler Sarkisian Steps Down“. RFE/RL. 23 April 2018.
- ↑ Ghazaryan, Diana (24 April 2018). „Yerevan's Republic Square: Protest Epicenter Gets Citizen Clean-Up“. Hetq Online.
- ↑ „Ecumenical Prayer Vigil for Peace: Address of the Holy Father“. vatican.va. Yerevan, Republic Square: Holy See. 25 June 2016.
- ↑ „Pope Francis Holds Ecumenical Service at Yerevan's Republic Square“. Armenian Weekly. 26 June 2016.
- ↑ Povoledo, Elisabetta (25 June 2016). „Pope Francis to Armenians: Seek Peace, but Never Forget Genocide“. The New York Times.
Литература
уреди- Ter-Ghazaryan, Diana K. (2013). „"Civilizing the city center": symbolic spaces and narratives of the nation in Yerevan's post-Soviet landscape“. Nationalities Papers. 41 (4): 570–589. doi:10.1080/00905992.2013.802766.
- Avetisyan, Kamsar (1979). „Երևանի ընդհանուր նկարագիրը (General description of Yerevan)“. Հայրենագիտական էտյուդներ [Notes on Armenian studies] (ерменски). Yerevan: Sovetakan grogh. стр. 72–81.
- Tigranian, Edmond (1985). „Երևանի Վ. Ի. Լենինի անվան հրապարակի քաղաքաշինական ասպեկտները [The town-building aspects of V. I. Lenin square in Yerevan]“. Lraber Hasarakakan Gitutyunneri (ерменски) (9): 24–29. Архивирано од изворникот на 2018-01-13. Посетено на 2018-06-19.