Плоштад „Гоце Делчев“ (Струмица)
Плоштадот „Гоце Делчев“ e градскиот плоштад во Струмица, југоисточна Македонија и еден од најголемите во државата со вкупна површина од 23.485 квадратни метри. Плоштадот бил реконструиран во 2010 година и тогаш добива речиси целосен нов изглед. Главната знаменитост е споменикот „Гоце Делчев“, поставен во 1970-тите години, по кој и го добива името. Освен главниот отворен простор, плоштадот има подземна сообраќајница и паркиралиште за возила. Овде се одржуваат различни манифестации и настани, меѓу кои и традиционалниот Струмички карневал.
Плоштад „Гоце Делчев“ | |
---|---|
Панорама на горниот дел со поглед кон платото и споменикот „Гоце Делчев“ (десно) | |
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 526: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Македонија Струмица" does not exist | |
Општи податоци | |
Град | Струмица |
Земја | Македонија |
Координати | 41°26′19.5″N 22°38′13.8″E / 41.438750° СГШ; 22.637167° ИГД |
Надм. височина | 256 м |
Пуштена во употреба | 10 декември 2010 |
Трошок за обнова | ~ 3.5 милиони евра |
Сопственик | Општина Струмица |
Технички податоци | |
Катови | 2 |
Подна површина | 23.485 м² |
Историја
уредиВо минатото дел од просторот на денешниот плоштад се користел како градски пазар, а подоцна овде била сместена и автобуската станица. Со проширувањето на Струмица во 1970-тите години, неколку куќи и објекти со неокласичен стил биле разрушени и според новиот урбанистички план плоштината на плоштадот била зголемена.
По повод 100-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев на плоштадот бил поставен негов споменик. Реализацијата започнала во 1973 година. Составен е од статуа на Делчев на подлога со цитат: „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“ и две платна со 16 фигури на комити. Споменикот бил завршен во 1976 година.[1]
Реконструкција
уредиВо 2010 година плоштадот бил реконструиран. Зафатот речиси целосно го променил изгледот на плоштадот. Новото решение го поделил плоштадот на две нивоа, на првото била изградена подземна сообраќајница со паркинг простор која го решила сообраќајниот метеж, додека второто ниво е надземен дел со широк отворен простор за пешаци.
Надземниот дел од плоштадот бил поплочен со гранит и добил неколку знаменитости. Споменикот „Гоце Делчев“ бил задржан, но биле направени промени кај подлогата која добила нов изглед и двете платна со фигури на комити биле додадени на левата и десната страна од подлогата. Зад споменикот било изградено плато на кои се поставени две фонтани. Плоштадот исто така добил Саат-кула со три часовници и бронзена фигура „Струмичанка под маска“ како симбол за Струмичкиот карневал.
На центарот од отворениот простор на плоштадот била поставена и бакарна ѕвезда во чест на македонскиот фудбалер Горан Пандев, роден во Струмица, кој истата 2010 година ги освоил титулите од Лигата на шампионите и Светското клупско првенство во дресот на ФК Интер.[2] Ѕвездата била откорната и украдена во ноември 2018 година од непознати сторители.[3]
За реконстукцијата биле потрошени околу 3,5 милиони евра, обезбедени од Општина Струмица. За лиењето со бронза на споменикот „Струмичанка под маска“ средствата ги дала Меѓународната ликовна колонија. Саат кулата е донација од градежната компанија Адора инженеринг. Плоштадот официјално бил отворен на 10 декември 2010 година, ден пред патрониот празник на Струмица.[4]
Знаменитости
уреди-
Фонтана
Сообраќај
уредиПодземниот дел на плоштадот е составен од сообраќајница во „Т“ форма и паркинг простор и е дефиниран на 5.183 квадратни метри. Во сообраќајницата минуваат улицата „Моша Пијаде“ и регионалниот пат R2432, кој започнува од раскрсницата меѓу главниот булевар „Маршал Тито“ и „Ленинова“ и води до Вељуса. Подземниот паркинг има капацитет за 80-тина возила и е опремен со заштитни рампи, пешачки влезови, сообраќајна сигнализација и јавен градски тоалет. Овој дел од плоштадот е дел од реконструкцијата во 2010 година.[5]
Наводи
уреди- ↑ „Споменик „Гоце Делчев“. Општина Струмица. 7 септември 2010. Посетено на 26 декември 2018.[мртва врска]
- ↑ „Од обичен до европски изглед - плоштад „Гоце Делчев"“. www.strumicacity.com. 25 октомври 2012. Посетено на 2 јануари 2019.[мртва врска]
- ↑ „Откорната и украдена ѕвездата на Горан пандев од струмичкиот плоштад“. Сакам Да Кажам. 1 ноември 2018. Посетено на 2 јануари 2019.
- ↑ „„Жикол" ќе го гради новиот градски плоштад во Струмица“. Идивиди. 24 март 2010. Посетено на 27 декември 2018.
- ↑ „Пуштен во употреба новиот градски плоштад „Гоце Делчев"“. Општина Струмица. 14 декември 2010. Посетено на 30 декември 2018.
Надворешни врски
уреди- Плоштад „Гоце Делчев“ (Струмица) на Ризницата ?