Плацентосинтеза е Испробуање на Плацентен Зачеток (англиски: CVS - Chorionic Villus Sampling) т.е., вид испитување при коешто се пропушта игла во плацентата која што е во фаза на развиток. Во овој период плацентата е наречена chorion. Во шприцот се повлекуваат неколку мали фрагменти од ткивото. Испитувањето на ткивото може да покаже дали зародокот има некои абнормалии. Исто така овој тест е познат како биопсија на плацентата.

Оваа биопсија им се нуди на жени коишто ќе бидат 37 години или постари, на предвиденото време за пораѓај како и на жени коишто веќе имале дете со хромозоматични проблеми најчести од кои се Даунов синдром (монголизам). На возраст помеѓу 37 и 40 години, шансата да се има бебе со хромозоматски абнормалии е 1 на 100. После 40 години, шансата се зголемува. Понекогаш CVS се извршува од други причини какви што се кога се знае дека постои ризик родителите да имаат бебе со едно од бројните метаболични пореметувања.

Испитувањето, за разлика од амниосинтезата, не може да се користи за дијагнозирање на `рбетни проблеми и на други органи на зародокот. Иако CVS има малку поголем ризик од вознемирување на бременитоста, отколку амниосинтезата, негова предност е во тоа што резултатите се достапни шест до седум недели порано во бременитоста. Ако има потреба од терминација на бременитоста т.е., абортус, таа процедура е многу полесна и побезбедна во почетокот на бременитоста.

Кога се врши CVS?

уреди

CVS обично се врши помеѓу 10 и 12 недели. Може да се изведе било кога за време на бременитоста но на девет недели плацентата е танко раширена околу целата кесичка во почетна бременитост, што го прави испитувањето многу ризично. Околу девет недели плацентата се здебелува во еден дел, па таа станува лесна мета. Најповолно е ако биде извршено испитувањето по ова, така што резултатите ќе бидат достапни порано.

Како се врши CVS?

уреди

Постојат два начини на кои се извршува испитувањето. Наjвообичаен начин е низ стомакот. Со локална анестезија се здрвува местото и потоа игла се пропушта низ кожата во материцата до ивицата од плацентата. Патеката на иглата внимателно се прати на екранот од ултразвучниот апарат. Тогаш уште потанка игла се пропушта низ оваа надворешна игла се` до ткивото на плацентата. Шприц, кој се наоѓа на крајот од танката игла, се користи да се повлечат многу мали фрагменти од ткивото на плацентата. Ткивото се разгледува со цел да се осигураат да тоа е правилно ткиво па хирурзите земаат примероци сè додека имаат доволно за да се изврши испитување.

При другиот метод, којшто е поредок, се провира танка метална цевка (cannula) низ вагината. Цевката се провира низ вратот на материцата до ткивото на плацентата.

Ултразвук

уреди

Процедурата се извршува во ултразвучната просторија во болницата. Ултразвукот е потребен пред да се изведе испробување на плацентниот зачеток, со цел да се утврди староста на бебето и да се утврди местоположбата на плацентата. Исто така е важно да се знае дали постојат еден или повеќе зародоци. Потребното време за да се земе ткиво-примерок може да варира но во повеќето случаи потребно е само неколку минути. Честопати по процедурата на низстомачниот метод пациентот има меки грчеви или неудобност. За да се ублажат овие болки може да се земe Парацетамол.

Извор

уреди

"Royal" болница за жени, Памфлет - Chorionic Villus Sampling (CVS), Австралија, јуни 2003.