Платинестата русокоса (филм)

Платинестата русокоса (англиски: Platinum Blonde) - американски филм од 1931 година, во режија на Френк Капра, кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги толкуваат: Џин Харлоу, Лорета Јанг и Роберт Вилијамс.[1]

Синопсис

уреди

Стјуарт Смит (го игра Вилијамс) е новинар кој добива задача да го истражи скандалот во едно многу богато семејство. Таму, тој ја запознава импулсивната и привлечната ќерка Ен (ја игра Харлоу). Тие започнуваат љубовна врска и стапуваат во брак, но Стјуарт сфаќа дека ја загубил својата лична слобода. Кај шпанскиот амбасадор се одржува прием на кој присуствува и новинарката Галагер (ја игра Јанг), која е најдобрата пријателка на Стјуарт, а истовремено, таа е вљубена во него. По овој пример доаѓа до пресметка во весниците меѓу Стјуарт и уредникот на неговиот поранешен весник. На крајот, тој сфаќа дека отсекогаш ја сакал Галагер и дека бракот со Ен бил погрешен чекор.

Наводи

уреди