Приказен уред
Приказен уред (или приказник) — излезен уред за претставување на информации во визуелен или допирен облик (како на пр. допирни електронски приказници за слепи). Кај електронските приказни уреди, влезните информации доаѓаат од електросигнали. Најчести примери за вакви уреди се телевизорите, мониторите и информативните табли.
Цифрарници
уредиНекои прикажуваат само цифри или азбучнобројчени знаци. Ваквите цифрарници се нарекуваат повеќеделни (сегментни) бидејќи се составени од неколку делчиња што се вклучуваат и исклучуваат и така обликуваат даден глиф. Делчињата обично се поединечни светлечки диоди или течни кристали. Ноѓаат примена претежно кај дигиталните часовници и дигитроните. Постојат неколку видови:
- седумделен цифрарник (најзастапен, само цифри)
- четиринаесетделен цифрарник
- шеснаесетделен цифрарник
- HD44780 - општоприфатен протокол за течни кристали.
Екрани
уредиЕкраните наоѓаат широка примена онаму кајшто треба да се прикажат посложени информации или некое дејство. Тука спаѓаат:
Дводимензионални подлоги
уредиТехнологии за дводимензионален приказ со помош на подлога:
- екран со светлечки диоди (LED)
- електролуминисцентен екран (ELD)
- плазмени плочи (PDP)
- екран со течни кристали (LCD)
- екран со високоделотворно упатување (HPA)
- екран со тенкоопнени транзистори (TFT)
- екран со органски светлечки диоди (OLED)
- електронозрачен екран со површинска проводливост (SED) (експериментален)
- ласерски телевизор
- екран со јаглеродни наноцевки (експериментален)
- нанокристален екран (експериментален), со квантни точки - свитливи екрани со живи бои.
- видеомонитор
Тридимензионални
уредиМеханички
уреди- телеграфска лента (историски)
- табла со дволиснат приказ
- табла со вртливи дискови
- натпис на ролна
- допирни електронски приказници (Брајови приказници) наменети за слепи лица. Текстот (или сликата) се обликува со електромеханички делови кои потоа слепото лице ги допира
- Оптакон - со мали метални матрични прачки наместо светлина за допирно информирање на слепите лица
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Друштво за приказ на информации - стручна меѓународна организација посветена на изучувањето на приказната технологија (англиски)
- display-Magazin Архивирано на 10 декември 2009 г. - списание за приказни уреди (германски)