Петнаесетгодишен јубилеј (Фабержеово јајце)

Петнаесетгодишен јубилеј – царско Фабержеово јајце, едно од серијата од педесет и две јувелирски велигденски јајца изработено под надзор на рускиот јувелир Петар Карл Фаберже за руското царско семејство.

Петнаесетгодишен јубилеј
Година на изработка1911
Нарачателцар Николај II
Примателцарица Александра Фјодоровна
Моментален сопственик
Индивидуална или
институционална
Фонд „Врска на времињата“, Санкт Петербург
Година на стекнување2004
Дизајн и материјали
Употребен материјалзлато, зелен и бел емајл, дијаманти, кварц
Висина13,2 cm
Изненадувањенема

Ова јајце било поклон за царицата Александра Фјодоровна од нејзиниот сопруг царот Николај II, кој имал трајна нарачка за две Фабержеови велигденски јајца секоја година, едно за мајка му и едно за неговата сопруга.

Во 1911 година на царицата мајка ѝ било поклонето јајцето Ловорово дрво

Опис

уреди

Јајцето е направено од злато, зелен и бел емајл, украсено со дијаманти и кварц. Површината е поделена на осумнаесет панели со 16 минијатури.

Дизајнот на јајцето ја одбележува петнаесетгодишнината од крунисувањето на Николај II на 26 мај 1896 година.

Во јајцето нема изненадување спротивно на царевите експлицитни инструкции за овие јајца и без објаснување, не било направено изненадување за ова јајце.

Сопственост

уреди

Јајцето било во сопственост на Малколм Форбс во Форбсовата збирка. Виктор Векселберг купил девет царски јајца како дел од збирка за скоро 100 милиони долари.[1] Се проценува дека поединечно јајцето вреди 10 до 15 милиони долари.[2] Денес јајцето е дел од Збирката Виктор Векселберг, во сопственост на фондацијата „Врска на времињата“ и е сместено во Музејот Фаберже во Санкт Петербург.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Russian Tycoon Buys Forbes Faberge Eggs“. Forbes. 4 February 2004.
  2. „Forbes' Faberge Eggs“. Forbes. 7 January 2004.

Надворешни врски

уреди