„Петка — грб“ — збирка пиеси за деца од повеќе македонски писатели, во издание на „Детска радост“ од 1984 година. Изборот на пиесите и автор на белешките за писателите е Киро Донев, а поговорот го напишала Оливера Николова. Книгата е објавена како јубилејно издание по повод 40-годишнината на детскиот печат во СР Македонија, 1945-1985. Нацртот на корицата го изработил Петар Почев, а автор на фотографиите на писателите застапени во книгата е Шемседин Османи. Книгата е испечатена во РО НИП „Нова Македонија“, ООЗТ Печатница — Скопје во тираж од 2 000 примероци. Таа е каталогизирана во НУБ „Климент Охридски“ — Скопје.[1]

Содржина

уреди
  • Михо Атанасовски, „Тајната на едно писмо“
  • Ристо Давчевски, „Срамежливо дете“
  • Ристо Давчевски, „Априлилска играрија“
  • Ристо Давчевски, „Продавач на елки“
  • Ристо Давчевски, „Млеч“
  • Ристо Давчевски, „Итар Пејо, алвата и попот“
  • Киро Донев, „Лоша игра“
  • Киро Донев, „Топката е виновна“
  • Киро Донев, „Априли-ли-ли“
  • Киро Донев, „Кој како и каде зимува“
  • Рајко Јовчески, „Порака“
  • Рајко Јовчески, „Најдобриот снешко“
  • Рајко Јовчески, „Витезот Априлко и баба Марта“
  • Александар Кујунџиски, „Касни ако сакаш да те каснат“
  • Александар Кујунџиски, „Весел договор“
  • Александар Кујунџиски, „Кај фотограф“
  • Александар Кујунџиски, „Заслужено леѓенување“
  • Александар Кујунџиски, „Слушни колку тажно пее онаа птица“
  • Иванчо Митревски-Мајсторот, „Болната принцеза“
  • Велко Неделковски, „Проба на драмската секција“
  • Велко Неделковски, „Во пет до дванаесет“
  • Велко Неделковски, „Средба во паркот“
  • Горјан Петрески, „Мачорот Тодор в болница“
  • Горјан Петрески, „Лисица и магаре“
  • Видое Подгорец, „Тажен крај“
  • Видое Подгорец, „Изгубената кукла“
  • Видое Подгорец, „Новогодишна сказна“
  • Видое Подгорец, „Шумски збор“
  • Глигор Поповски, „Пазар“
  • Глигор Поповски, „Петка — грб“
  • Глигор Поповски, „Сашо сака да биде лекар“
  • Глигор Поповски, „Најважното откритие“
  • Стојан Тарапуза, „Семафор“
  • Стојан Тарапуза, „Славеј“

Наводи

уреди
  1. Петка — грб: пиески. Детска радост, Скопје, 1984.