Петица (анатомија)
Петица[1][2] или пета[3][4] — испакнато место на задниот крај на стапалото. Се заснова на проекцијата на една коска, калканеус или коска на петицата, зад артикулацијата на коските на долниот дел на ногата.
Петица | |
---|---|
Човечка петица | |
Податоци | |
Назнаки | |
Латински | calx |
TA | A01.1.00.042 |
FMA | FMA:24994 |
Структура
уредиЗа да се распределат силите на притисок што се вршат на петицата за време на одењето, а особено фазата на држење кога петицата ја допира земјата, табанот на стапалото е покриен со слој на поткожно сврзно ткиво до 2 см дебелина (под петицата). Ова ткиво има систем на комори за притисок кои делуваат како амортизери и го стабилизираат табанот. Секоја од овие комори содржи фибромасно ткиво покриено со слој на цврсто сврзно ткиво направено од колагенски влакна. Овие septumi („ѕидови“) се цврсто прицврстени и за плантарната апонеуроза горе и за кожата на табанот. Табанот на стапалото е едно од највисоко васкуларизираните подрачја на површината на телото, а густиот систем на крвни садови дополнително ги стабилизира септумите.[5]
Ахиловата тетива е мускулна тетива на triceps surae, „триглава“ група на мускули - soleus и двете глави на gastrocnemius. Главната задача на triceps surae е плантарна флексија, односно движење на стапалото надолу. Тоа е придружено со „четврта глава“, малиот мускул Plantaris, чија долга тенка тетива е исто така прицврстена на коската на петицата, но не е видлива.[6]
Функција
уредиСилите на притисок кои се применуваат на стапалото се распоредени по пет зраци, три медијални (страна на палецот) и две странични (страна на малото прсте). Страничните зраци се протегаат над кубоидната коска до коската на петицата и медијалните зраци над трите клинести коски и навикуларната коска до глуждната коска. Бидејќи глуждната коста е поставена над коската на петицата, овие зраци се во непосредна близина на прстите, но се надвиснуваат во близина на петицата, и заедно ги составуваат сводовите на стапалото кои се оптимизирани за распределени сили на притисок на нерамна подлога. Во овој контекст, петицата ја образува задната точка на потпора која заедно со перничињата на ножните прсти го носат најголемиот дел од товарот.[7]
Испукани петици
уредиИспуканите петици се чест здравствен проблем и може да предизвикаат инфекции. Тоа е предизвикано од сувост на кожата на стапалото,[8] и насобирање на мртва кожа. Со текот на времето може да предизвикаат болки и воспаление. За истото да се излечи и спречи се користат тазлични хидратантни креми и турпии за стапала .
Поврзано
уреди- Ахилова петица - метафора за слабост
- Петица на Италија, SE (по нејзината позиција во „чизмата“)
- Перниче на стапалотo
- Клавус - тврда кожа која може да предизвика болни пукнатини на стапалото и петицата
Наводи
уреди- ↑ „петица“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „петица“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „пета“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „пета“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Thieme Atlas 2006, p 418
- ↑ Thieme Atlas 2006, p 434
- ↑ Thieme Atlas 2006, p 412
- ↑ „Dry, Cracked Feet: Treatment, Causes, and Home Remedies“. www.footvitals.com. Архивирано од изворникот на 2021-04-25. Посетено на 2023-10-16.