Перо Ампов
Перо Ампов ( 1922 во Ваташа — 16 септември 1944 во Демир Капија) — македонски партизан, учесник во НОВ на Македонија.[1]
Животопис
уредиПотекнувал од земјоделско семејство, а по завршување на основното училиште работел како земјоделец на својата земја. Бил голем симпатизер на народноослободителното движење, од самиот негов почеток . Во 1944 година побегнал од бугарската армија и им се приклучил на партизаните. Во редовите на Деветтата македонска бригада се истакнал како храбар борец и учествувал во многу борбени акции на својата единица. Бил особено горд кога на 7 септември 1944 година со својата бригада влегол во Ваташа, а потоа и во Кавадарци. Загинал во борбите со германскиот окупатор кај железничката станица Јаворица, во близината на Демир Капија на 16 септември 1944 година.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Камчевски, Петре (2012). Ваташа. Кавадарци: Музеј-Галерија Кавадарци. стр. 401. ISBN 978-608-4621-04-1.
Оваа статија за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |