Меиџи (период)

(Пренасочено од Периодот Мејџи)

Меиџи (明治時代 меиџи џидај = „период на просветено владеење“) е период во историјата на Јапонија којк траел 45 години од 23 октомври 1868 до 30 јули 1912 за времето на тогашниот јапонски царМуцухито, наречен „Меиџи“ („Просветлениот“), познат по како укинувач на феудализмот.

Сацумски самураи сликани пред периодот Меиџи коишто се бореле за уривање на класниот, ксенофобен систем

Пред 1868 г.

уреди

Пред Меиџи периодот јапонските цареви немале моќ и едноставно претставувале фигура. Јапонија била регулирана од страна на неколкуте моќни самураи (заповедници) со воена диктатура преку кои со векови било одлучено државата да биде изолирана и да нема контакт со надворешниот свет.

По 1868 г.

уреди

Со самиот почеток на овој нов период, било решено Јапонија да ги отвори своите граници на светот и да ја започни нејзината модернизација со што брзо се докажала како светска сила.

Политичарите од тоа време донеле 5 главни цели со кои добиле огромна поддршка од населението во формирањето на новата влада. Тие биле:

  • воведување на парламент
  • вклучување на сите класи во државните работи
  • социјална и работна слобода за сите класи
  • заменување на старите закони и обичаи со нов законски систем
  • ориентација кон меѓународно државно искуство за зајакнување на царството

По Меиџиевиот период, започнал периодот Тајшо со новиот цар - Јошихито во 1912 г.