Пежо 107 (француски: Peugeot 107) – мал автомобил што го произведувала француската фабрика за автомобили Пежо во соработка со Тојота. Се произведувал од 2005 до 2014 година.

Пежо 107
Peugeot 107
ПроизведувачПежо
Познат и какоСитроен Ц1
Тојота Ајго
Производство2005–2014
СклопувањеКолин, Чешка
ПретходникПежо 106
Пежо 1007
НаследникПежо 108[1]
Класамал градски автомобил (А)
Вид каросерија
Распоредмотор напред, погон напред
Мотор
  • 1,0 L трицилиндричен бензински
  • 1,4 L четирицилиндричен дизел
Пренос5-брзински мануелен
5-брзински полуавтоматски
Меѓуоскино раст.2340 mm
Должина3430 mm
Ширина1630 mm
Висина1470 mm
КонструкторДонато Коко

Историјат

уреди

Тојота и групата ПСА во 2001 година долучиле да направат мал заеднички автомобил за да ги поделат трошоците за развој. На саемот за автомобили во Женева во 2005 година претставиле три автомобили, Тојота Ајго, Ситроен Ц1 и Пежо 107. Биле развиени на заедничка платформа и сите три се произведувале во иста фабрика во Колин, во Чешка.

Ајго, 107 и Ц1 ја делат основната платформа, но веќе на прв поглед видливо е дека дизајнерите за поедините марки одлично ја завршиле работата и ги поврзале овие автомобили со автомобилите од својата марка. Сите три возила се долги околу 3,4 метри, широки 1,6 метри и високи околу 1,4 метри. Возилата биле наменети за 4 лица и имало модели со 3 и 5 врати. Овие штедливи возила поседувале напредни технологии во поглед на безбедноста и заштитата на околината. Производниот капацитет на погонот била 300.000 возила годишно, по 100.000 од секој автомобил. Продажбата почнала во јули 2005.[2]

Пежо 107 двапати, во исто време со Ц1 и Тојота, во 2009 и 2012 година, бил редизајниран.[2] Производството било прекинато во 2014 година, кога го наследил Пежо 108.

Мотори

уреди
Модел Зафатнина Цилиндри/
вентили
kW/КС Напомена
Бензин
1,1i 996 cm³ 3/12 51 kW / 68 КС
Дизел
1,4 HDi 1398 cm³ 4/8 40 kW / 55 КС

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „New Peugeot 108 to be built with Toyota“. Auto Express. 2012-11-23.
  2. 2,0 2,1 „Историјат 107“ (руски). avtomarket.ru.

Надворешни врски

уреди