Пежо 108
Пежо 108 (француски: Peugeot 108) – мал автомобил што го произведува француската фабрика за авгомобили Пежо во соработка со Тојота.
![]() | |
Произведувач | Пежо |
---|---|
Познат и како | Ситроен Ц1 Тојота ајго |
Производство | 2014–до денес |
Склопување | Чешка |
Претходник | Пежо 107 |
Класа | мал градски автомобил (А) |
Тип на каросерија | 3 врати хечбек 5 врати хечбек |
Распоред | мотор напред, погон напред |
Мотор | 1,0 L бензински 1,2 L бензински |
Сродни | Ситроен Ц1 Тојота ајго |
ИсторијатУреди
Пежо 108 бил претставен на саемот на автомобили во Женева во март 2014 година. Дошол како наследник на Пежо 107. Користи иста платформа со Ситроен Ц1 и Тојота ајго, но сите три модели се одликуваат со различен дизајн. Ц1 и ајго се произведуваат во втората генерација, а името Пежо 107 било укинато. Трите автомобили се произведуваат во Колин во Чешка.
Во предниот дел Пежо 108 стилски се базира на Пежовите модели од поновите генерации како 208 и втората генерација на 308-ката. Достапен е во верзии со три и пет врати, а како опција се нуди и подвижен платнен кров. Пежо 108 може да биде погонуван со еден од двата трицилиндрични бензински мотори кои се нудат, од 1000 и 1200 кубици.[1]
На креш тестовите на Euro NCAP во 2014 година, Пежо 108 добил четири од петте можни ѕвездички за безбедност.[2]
ГалеријаУреди
НаводиУреди
- ↑ „Пежо 108 – нови мали градски аутомобил“ (српски). b92.net/automobili.
- ↑ „Euro NCAP креш тест“ (англиски). euroncap.com. Посетено на 28 декември 2014.
Надворешни врскиУреди
„Пежо 108“ на Ризницата ? |