Пентекостализам

(Пренасочено од Педесетничарство)

Пентекостализам или педесетничарство — една од харизматските верски групи во христијанството. Кај нив посебно се нагласува значењето на крштевањето во Светиот дух. Името го добиле по празникот на духовите, Духовден (грчки: πεντηκοστή, Пентекост) кога Светиот дух, според Библијата се спуштил врз апостолите. Слични верски движења постоеле уште во XVIII век во Европа и Америка, но денешниот облик на религијата настанал на почетокот на XX век. За основач се смета Чарлс Фокс Парам, во 1901 во Топика, Канзас, САД. Се проценува дека во светот оваа религија брои од 200 - 600 милиони верници. Најголем број од нив ги има во:

Пентекостна црква во Нови Сад

Пентекосталците припаѓаат на евангелистичкото движење кое нагласува непогрешливост на Библијата и потребата за транформација на животот на поединецот низ верата во Исус Христос. Покрај почитување на класичното библиско учење, овие верници посебно значење даваат на влијанието и присуството на Светиот дух. Поголемиот број на заедници ја прифаќа догмата на Светото тројство, додека некои сметаат дека Бог е единствен. Пентекосталците веруваат дека за чудата и мистериите во Новиот завет е одговорен токму Светиот дух. Верниците во духовен занес можат да изговараат непрепознатливи фрази. Современите теолози тврдат дека тоа е пронаоѓање личен јазик за комуникација со Бог. Порано се сметало дека станува збор за мистериозна моќ на говор на странски, непознати јазици. Крштевање на новороденчиња не се практикува. Се крштеваат возрасни луѓе, способни да ги осознаат разботите околу себе.