Пајонска свештеничка (скулптура)
Пајонската свештеничка е бронзена скулптура посветена на пајонска свештеничка, пронајдена на некрополата Лисичин Дол на валандовското археолошко наоѓалиште Исар-Марвинци. Автор на скулптурата е Сретко Јовановски.
Пајонска свешеничка | |
---|---|
Општи податоци | |
Вид | скулптура |
Место | Музеј на Македонија |
Град | Скопје |
Земја | Македонија |
Завршена | 25 август 2009 |
Сопственик | Министерство за култура |
Проектирање и изградба | |
Архитект | Сретко Јовановски |
Уметничко дело е засновано на вистински артефакти. Скулптурата е висока три метри. Свештеничката е елегантна, тенка, висока, со глава крената кон Сонцето.
Скулптурата почна да се изработува со донација од 5.000 евра од исландска банка, а со тие парите е излеана мала фигура на свештеничката. Монументалната верзија ја финансираше Министерството за култура со 1,5 милион денари. Скулптурата е леана во леарница во Смедерево. Со постаментот скулптурата е висока 3,5 метри.
Првично, скулптурата Пајонска свештеничка е поставена во дворот на Музејот на Македонија,[1] а потоа е преместена на мостот „Око“.[2]
Наводи
уредиОваа статија споменик во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |