Пафтали џамија

запустена џамија во Битола

Пафтали џамија — стара џамија во градот Битола, денес во реставрирана и добра состојба кој се извршува пет дневни молитви

Пафтали џамија
Основни податоци
МестоБитола, Македонија
Координати41°2′8.2″N 21°19′49.″E / 41.035611° СГШ; 21.33028° ИГД / 41.035611; 21.33028
Припадностсунитски ислам
Архитектонски опис
Архитектонски типџамија
Архитектонски стилранокласичен османлиски
ЗавршенXVII век
Особености
Куполи1
Минариња1

Местоположба

уреди

Џамијата е сместена во северниот дел на градот, во маалото Баир близу до Соук Чешма.[1]

Историја

уреди

За џамијата нема зачувани писмени податоци, ниту пак натпис. Се смета дека е изградена во XVII век. Во минатото имало и гробови, како и мектеб (исламско основно училиште). На крајот на XIX век е изградено дополнително молитвено пространство на јужната страна,[1] коешто се користи како дрводелска работилница.[2]

Архитектура

уреди

Џамијата е претставник на провинцијалната ранокласична османлиска архитектура. Архитектонски е слична на урнатата Скршена џамија во јужниот дел на градот. Има скромни димензии — квадратна основа со големина 5,80 × 5,80 м[2] и складни пропорции. Покриена е со купола на осумаголен барабан на четири длабоки пандантиви, видливи однадвор. На јужната фасада има два правоаголни прозорци во мермерни рамки кои завршуваат со олеснителен украсно изработен свод од тули. Изградена е во добар клоазонски стил од груби камени блокови и три реда тули и делкани камени блокови од порозен варовник во аглите. Влезот порано бил од источната страна, а денес е преку основата на минарето, кое е на западната страна и невообичаено е поврзано и со молитвениот простор и со куполата. Влезот во минарето е од улицата. Има многуаголна основа од прецизно делкан порозен варовник, додека пак балконот е од тули.[1]

Во внатрешноста на молитвениот простор има гроб. Во минатото градбата била покриена со олово.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Mihajlovski, Robert (2012). „The Seventeenth Century Ottoman Religious Architecture of Bitola/Manastir“ (PDF). Патримониум. V (10): 296–297. Посетено на 19 ноември 2017.
  2. 2,0 2,1 „Пафтали џамија“. Центар за етнолошки истражувања и применета антропологија.