Скршена џамија (Битола)
Скршена џамија (Yıkık Cami) – муслимански храм од XVI-XVII век во Битола.[1]
Скршена џамија | |
---|---|
Основни податоци | |
Место | Битола, Македонија |
Припадност | Сунитски ислам |
Статус | разрушена |
Архитектонски опис | |
Архитектонски тип | џамија |
Архитектонски стил | ран класичен османски |
Завршен | XVI-XVII |
Особености | |
Минариња | 1 |
Местоположба
уредиЏамијата се наоѓала во јужниот дел на градот, во близина на чаршијата, на улицата која води кон Ленски мост.[1]
Историја
уредиСпоред локална христијанска легенда, на местото на џамијата претходно постоела христијанска црква посветена на Свети Никола [1] или на Свети Павле. Месните христијани го посетувале храмот и палеле свеќи на источната страна. Во 1974 година биле спроведени археолошки ископувања, кои не покажале постоење на претходна градба.[2] Името Скршена се должи на скршеното минаре кое настрадало при бомбардирањата во Првата светска војна.[1]
Градбата била срушена во 1974 година поради лошата состојба.[2] На нејзино место биле изградени зградите Грозд.[3]
Архитектура
уредиЏамијата била мала со квадратен молитвен простор со основа 7,93 m. Била покриена со плитка купола над пандантиви со пречник од 6 m. Барабанoт бил поедноставен со користење на горните агли на пандантивите. Таа била стар и поедноставен вид на рана џамија. Ѕидаријата била клоазоне со наизменични редови камен и четири реда тули. Ѕидовите биле дебели 1 m. Горните делови на градбата биле од кршен камен, покриена со ќерамиди. Основата на минарето била од камен и тули, додека телото и шерефето биле исцело од тула. На север имало трем со димензии 3,72 x 7,93 m со цилиндричен свод.[2]
Оваа џамија му припаѓала на провинцијалниот архитектонски конзервативен стил од крајот на шеснаесетти век и почетокот на седумнаесетти век.[2]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Mihajlovski, Robert (2012). „The Seventeenth Century Ottoman Religious Architecture of Bitola/Manastir“ (PDF). Патримониум. V (10): 294. Посетено на 10 февруари 2020.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Mihajlovski, Robert (2012). „The Seventeenth Century Ottoman Religious Architecture of Bitola/Manastir“ (PDF). Патримониум. V (10): 295. Посетено на 10 февруари 2020.
- ↑ Некогашната скршена џамија во Битола на семрежното место на Бабам Битола