Патрик Улф Андерс Карлгрен (8 јануари 1992) е професионален шведски фудбалер кој играл на позицијата голман за данскиот суперлигашки клуб ФК Рандерс.

Патрик Карлгрен во 2015

Клупска кариера

уреди

Карлгрен напредувал преку младинските тимови на тимот на Самуелсдал ИФ. [1] Тој ја започнал својата сениорска кариера поминувајќи две години во тимот Фалу ФК. Подоцна, играл две сезони за ИК Браге во Суперетан (втората шведска лига), забележувајќи 23 настапи. [2]

Во јули 2013 година, Карлгрен потпишал за клубот АИК [2] [3] од Стокхолм. Својот прв натпревар во првата шведска лига за тимот на АИК во Алсвенскан го имал на 8 мај 2014 година против тимот на Халмстад БК. [4]

Во февруари 2017 година, Карлгрен потпишал со данскиот Суперлигашки клуб ФК Нордсјеланд. [5]

Во јули 2017 година, тој потпишал двегодишен договор со турскиот клуб од Супер Лигата Коњаспор. [6]

На 8 јули 2018 година, Карлгрен се вратил во Данска за да потпише тригодишен договор со тимот на Рандерс ФК. [7] [8] По три години во месец февруари, Карлгрен го продолжил договорот со истиот клуб до 2024 година. [9] [10]

Меѓународна кариера

уреди

Карлгрен бил дел од шведскиот тим кој го освоил Европското првенство за играчи до 21 година 2015, одбранувајќи два пенали и тоа на португалските играчи Рикардо Есгајо и Вилијам Карваљо во пенал рулетот вофиналето против тимот на моќната Португалија. Претходно натпреварот завршил со резултат 0:0. Финалето се одиграло во Чешка во главниот град Прага . [11]

Тој бил повикан во сениорскиот тим на Шведска во натпреварот против тимот на Данска за плеј-офот на УЕФА ЕВРО 2016 во месец ноември 2015 година. [12] Карлгрен бил играч на тимот на Евро 2016, служејќи како резервен голман зад Андреас Исаксон и Робин Олсен. [13]

Статистика за кариера

уреди
Обновено на 13 Ноември 2021[14][15]
Клуб Сезона Сооднос на одиграни натпревари и постигнати голови Натпревари од куп Континетални Европски Вкупно
Лига Настапи Голови Настапи Голови Настапи Голови Натпревари Голови
Фалу ФК 2009 Дивизија 2 Нора Свеланд 1 0 1 0
2010 Дивизија

3 Содра Норланд

5 0 5 0
2011 Дивизија 2 Нора

Трета шведска лига

19 0 19 0
Вкупно 25 0 25 0
Браге 2012 Суперетан втора шведска лига 8 0 1 0 9 0
2013 Суперетан втора шведска лига 12 0 3 0 15 0
Вкупно 20 0 4 0 24 0
АИК 2014 Алсвенскан

Прва шведска лига

22 0 1 0 4 0 27 0
2015 Алсвенскан 25 0 1 0 3 0 29 0
2016 Алсвенскан 28 0 4 0 4 0 36 0
Вкупно 75 0 6 0 11 0 92 0
Нордсјиланд 2016–17 Суперлига 5 0 0 0 0 0 5 0
Коњаспор 2017–18 Супер Лиг Турска Супер Лига 1 0 4 0 0 0 5 0
Рандерс 2018–19 Суперлига 37 0 0 0 37 0
2019–20 Суперлига 31 0 1 0 32 0
2020–21 Суперлига 31 0 5 0 36 0
2021–22 Суперлига 15 0 0 0 6 0 21 0
Вкупно 114 0 6 0 6 0 126 0
Вкупно во кариера 240 0 20 0 17 0 277 0

Наводи

уреди
  1. „12. Patrik Carlgren“. svenskafans.com (шведски). Посетено на 13 November 2021.
  2. 2,0 2,1 „AIK värvar Patrik Carlgren“. AIK (шведски). 11 July 2013. Архивирано од изворникот на 1 March 2014.
  3. „35. Patrik Carlgren“. AIK Fotboll. Архивирано од изворникот на 10 January 2014. Посетено на 19 August 2014.
  4. „Reserven fick chansen - räddade friläge direkt“. Expressen (шведски). 8 May 2014.
  5. „Klart: Patrik Carlgren till Nordsjälland“. Dagens Nyheter (шведски). 10 February 2017.
  6. „Carlgren klar för Konyaspor“. Svenska Dagbladet (шведски). 3 July 2017.
  7. Rosenlund, Alexander (8 July 2018). „Officiellt: Carlgren till dansk klubb: "Vill visa att jag fortfarande är väldigt bra". fotbollskanalen (шведски).
  8. Hune, Magnus Jensing (8 July 2018). „Randers henter tidligere FCN-keeper“. bold.dk (дански).
  9. „Patrik Carlgren forlænger til 2024“. Randers FC (дански). 21 February 2021. Архивирано од изворникот на 2021-11-13. Посетено на 2021-11-29.
  10. „Officiellt: Randers förlänger med Patrik Carlgren“. Fotbolltransfers.com (северен сами). 21 February 2021.
  11. „Sweden beat Portugal on penalties to win U21 title“. UEFA.com. 30 June 2015. Посетено на 30 June 2015.
  12. „Upbeat Hamrén includes Kujovic in Sweden squad“. uefa.com. 6 November 2015. Посетено на 13 November 2015.
  13. „Patrik Carlgren med i EM-truppen“. 11 May 2016. Архивирано од изворникот на 2018-12-18. Посетено на 2021-11-29.
  14. „Patrik Carlgren“. Elitefootball. Архивирано од изворникот на 2020-06-28. Посетено на 10 April 2016.
  15. „P. CARLGREN“. Soccerway. Посетено на 9 May 2016.

 Надворешни врски

уреди