Патот до Ел Дорадо

Патот до Ел Дорадо (англиски: The Road to El Dorado) — американски анимиран филм од 2000 година, создаден од DreamWorks Animation, во режија на Бибо Бержерон и Дон Паул. Музиката била создадена од страна на Елтон Џон и Тим Рајс, во соработка со композиторите Ханс Цимер и Џон Пауел. Филмот има заработено 76,4 милиони долари, додека буџетот изнесувал 95 милиони долари.

„Патот до Ел Дорадо
The Road to El Dorado“
РежисерДон Паул
Бибо Бержерон
ПродуцентБрук Бретон
Бони Радфорд
РаскажувачЕлтон Џон
Главни улогиКевин Клајн
Кенет Брана
Арманд Асанте
Роузи Перес
МузикаХанс Цимер
Џон Пауел
СтудиоDreamWorks Animation
ДистрибутерDreamWorks Pictures
Премиерамарт 31 2000 (2000-03-31)
Времетраење89 минутуи[1]
ЗемјаСАД
Јазиканглиски
Буџет$95 милиони
Бруто заработка$76,4 милиони

Гласови

уреди

Содржина

уреди

Дејството на филмот започнува во пристаништен град во Шпанија, каде двајца измамници, Тулио (гласот на Клајн) и Мигел (гласот на Брана) фрлаат (наполнети) коцки со морнарите, со намера да ги ограбат, но нивната измама е отркиена. Бегајќи од разбеснетите морнари и од стражарите, тие се сокриваат во две буриња што треба да бидта натоварени на бродот што треба да исплови за Новиот Свет, а со кој командува Кортес. Бродот поаѓа и морнарите ги откриваат измамниците и ги затвораат. Сепак, со помош на коњот Алтиво, тие успеваат да побегнат и со помош на еден чамец пристигаат до копното. Таму, тие наоѓаат камена плоча која се совпаѓа со картата што ја поседуваат, а која го покажува патот до Ел Дорадо. Притоа, тие ја среќаваат убавата девојка Чел (гласот на Перес), која ги слуша како се договараат да грабнат големо богатство од градот и потоа да побегнат во Шпанија. Врховниот свештеник во градот, Цекел-Кан (гласот на Асанте) мисли дека тие се богови и поради тоа во Ел Дорадо им укажуваат највисоки почести. Таму, Тулио и Мигел остро му се спротивставуваат на Цекел-Кан, кој постојано сака да поднесе човечка жртва во нивна чест. Поради тоа, Цекел-Кан започнува да се сомнева во нивното божествено потекло и најпосле, со помош на магија, ја оживува џиновската камена скулптура на јагуар, со намера да ги убие. Сепак, Мигел и Тулио среќно успеваат да се спасат и себеси и градот, а Цекел-Кан паѓа во водениот вител. Привлечен од удобниот живот, Мигел сака да остане во градот, додека Тулио е заинтересиран само за богатството и за Чел и поради тоа меѓу двајцата другари доаѓа до караница. Во меѓувреме, Цекел-Кан ги среќава војниците на Кортес кои ги води кон Ел Дорадо. Додека Тулио и Чел се подготвуваат да си заминат со бродот натоварен со злато, градот се подготвува за борба со војската на Кортес. Тогаш, Мигел му се придружува на Тулио и тие успеваат да ги урнат столбовите на капијата на Ел Дорадо и така да го затрупаат пристапот до градот, но притоа го губат целото богатство. Така, Кортес не успева да го најде Ел Дорадо, а Тулио, Мигел, Чел и Алтиво заминуваат во нови авантури.[2]

Музика

уреди
Бр. НасловТекстописци Траење
1. „Ел Дорадо“  Елтон Џон, Тим Рајс 4:22
2. „Someday Out of the Blue“  Елтон Џон, Патрик Леонард, Тим Рајс 4:48
3. „Without Question“ (со Дон Хенли и Тимоти Шмит)Елтон Џон, Тим Рајс 4:47
4. „Friends Never Say Goodbye“ (со Backstreet Boys)Елтон Џон, Тим Рајс 4:21
5. „The Trail We Blaze“  Елтон Џон, Тим Рајс 3:54
6. „16th Century Man“  Елтон Џон, Тим Рајс 3:40
7. „The Panic in Me“  Елтон Џон, Тим Рајс, Ханс Цимер 5:40
8. „It's Tough to Be a God“ (дует со Ранди Њуман)Елтон Џон, Тим Рајс 3:50
9. „Trust Me“  Елтон Џон, Тим Рајс 4:46
10. „My Heart Dances“  Елтон Џон, Тим Рајс 4:51
11. „Queen of Cities (El Dorado II)“  Елтон Џон, Тим Рајс 3:56
12. „Cheldorado“ (со Хејтор Переира)Ханс Цимер 4:26
13. „The Brig“ (со Triology)Ханс Цимер 2:58
14. „Wonders of the New World (To Shibalba / Save El Dorado / The Ball Game)“  Џон Пауел 5:56

Наводи

уреди
  1. McCarthy, Todd (April 3, 2000). „Review: 'The Road to El Dorado'. Variety. Посетено на May 27, 2015.
  2. IMDb, The Road to El Dorado (2000) (пристапено на 22.11.2017)

Надворешни врски

уреди
 
Викицитат има збирка цитати поврзани со: