Пателски манастир

манастир кај Пателе, Леринско

Пателски манастир „Св. Пантелејмон и Евула“ (грчки: Αγίου Παντελεήμονα και Ευβούλης) — манастир кај селото Пателе, Леринско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Леринско-преспанско-еордејската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]

Пателски манастир
Свети Пантелејмон и Евула
Αγίου Παντελεήμονα και Ευβούλης
Карта
40°43′30.4″N 21°44′2.1″E / 40.725111° СГШ; 21.733917° ИГД / 40.725111; 21.733917
МестоПателе, Леринско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Изградба2004
Управа
Архијерејско намесништвоСуровичевско
ЕпархијаЛеринско-преспанско-еордејска

Манастирот е основан во 2004 г. од митрополитот Теоклит Лерински во близина на остатоците од стариот манастир западно од Пателе, меѓу Петерското и Островското Езеро.[1] Стариот манастир е уништен во XIX век од покачениот водостој на Островското Езеро.[1][2] Во манастирската црква се чува вредна икона на Свети Пантелејмон од XIX век.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Ι.Μ. Αγίου Παντελεήμονα και Ευβούλης – Αμυνταίο“. Ιερά Μητρόπολη Φλωρίνης, Πρεσπών και Εορδαίας. Посетено на 1 јануари 2015.
  2. 2,0 2,1 2,2 „11η Εφορεία Βυζαντινών Αρχαιοτήτων“ (PDF). Αρχαιολογικόν Δελτίον. Αθήνα: Υπουργείο Πολιτισμού. Τόμος 49 (1994), Χρονικά Β'2: 577. 1999. ISSN 0570-622Χ. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-05-10.