Парче од синото небо
„Отпишаните“ (српски: Парче плавог неба) – југословенски филм од 1961 година, во режија на Тома Јањиќ. Главните улоги ги толкуваат: Рахела Ферари, Павле Вуисиќ, Оливера Марковиќ, Милан Срдоч, Петре Прличко итн.[1]
Синопсис
уредиЕдно парче од синото небо — тоа е сè што можат да видат жителите на една зграда во која живеат луѓе кои се радуваат, се караат и непотребно си го загорчуваат животот. Чеда (го игра Вуисиќ), кој ноќе ги мие улиците, пие за да ги заборави грижите, но сепак ги сака жената и децата кои страдаат поради неговиот алкохолизам. Нивниот потстанар, Бора, одгледува диви гулаби кои пак му пречат на брачниот пар Кнез (ги играат Ферари и Срдоч), а госпоѓата Кнез е полна со комплекси поради неостварените желби. Тука живеат и симпатичниот старец Филип (го игра Прличко), кој се грижи за децата и ги храни гулабите на Бора, како и малиот Миша (го игра Миладиновиќ), парализирано дете кое од балконот учествува во секоја детска игра. Понатаму жувее Жужа, жена со сомнително занимање, која ја издава собата и бара маж. Тука е и сликарот (го игра Курузовиќ) со својата жена Мица (ја игра Бељакова), а наспроти нив е студентката Љиља (ја игра Палинка) која често се сонча во бикини и така ги збунува сликарот и останатите соседи. Најпосле, тука се и другите жители: милиционерот (Перковиќ), судијата за прекршоци и другите. Филмот е приказна за човечкиот оптимизам...
Наводи
уредиОваа статија филм е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |