Партиски дом (Софија)

Партиски дом (бугарски: Партиен дом) — главната зграда на ЦК на Бугарската комунистичка партија во времето на Народна Република Бугарија. Зградата се наоѓа во центарот на Софија, Бугарија, на плоштадот „Александар I“. Денеска, оваа е втора зграда на Народното собрание на Бугарија[1].

Партиски дом
Карта
Општи податоци
ГрадСофија
Земја Бугарија

Објектот бил изграден по проект на Пецо Златев во 1954 година. Има површина од 40.000 м2. Во времето кога била градена оваа зграда, биле срушени неколку други објекти. На врвот од објектот се наоѓала комунистичката црвена петокрака, која по падот на комунизмот, на 4 октомври 1990 година била симната, а денеска овде се наоѓа државното знаме. Претходно, на 26 август 1990 година, објектот бил опожарен.

За последен пат објектот бил реновиран во 1999 година.

Наводи

уреди
  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2010-11-28. Посетено на 2011-01-30.