Парк „Бановина“

Парк во Горно Лисиче, Скопје

Паркот Бановинаградски парк сместен во средиштето на населбата Горно Лисиче, Скопје. Неговата вкупна површина изнесува 6,000 квадратни метри. Паркот претставува хортикултурно и партерно уредување на дел од местото познато како „Бановина“ во близина на ул. Ѓорѓи Капчев. Тој бил пуштен во 2013 година.[1]

Бановина
Карта
ВидУрбан парк
МестоГорно Лисиче, Скопје, Македонија
Површина6,000 м2
Отворен12 септември 2013
Сопственик Аеродром
СтатусОтворен

Историја уреди

Проектот за паркот започнал во 2012 година најавен дека ќе е 6,500 квадратни метри, додека градежните работи за изградба на паркот „Бановина“ започнале на 14 март 2013 година. Паркот бил отворен на 12 септември 2013 година, во присуство на тогашниот градоначалник на Општина Аеродром, Ивица Коневски, тогашниот претседател на Македонија, Ѓорѓе Иванов, и тогашниот министер за здравство, Никола Тодоров.[1] и со тревна површина од 2,310 м2.[2]

Особености и содржина уреди

Паркот е со вкупна површина од 6,000 м2, уреден со висока и ниска вегетација. Исто така, во паркот била изградена и црква која сѐ уште не е именувана и не е познато кога ќе биде нејзиното осветување.

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Горно Лисиче доби нов парк“. faktor.mk. 12 септември 2013. Посетено на 15 септември 2021.
  2. „Изграден паркот „Бановина" во Горно Лисиче“. vistinomer.mk. 30 јули 2016. Архивирано од изворникот на 3 јули 2016. Посетено на 15 септември 2021.