Пантомимски театар

театар на отворено во Копенхаген


Пантомимски театар дански: Pantomimeteateret) — театар на отворено, којшто се наоѓа во Паркот Тиволи во Копенхаген. Главната намена на пантомимскиот театар, како што укажува и неговото име, е одржување на дневни пантомимски претстави во традицијата на Комедија дел арте. Освен тоа, театарот исто така се користи и за изведба на балетски претстави и современи танци.

Пантомимски театар
Пантомимскиот театар со завесата во облик на паунова опашка
Адреса
Град
Земја Данска
Архитект Вилхелм Далеруп
Капацитет 120 седишта
1.000 места за стоење
Тип театар на отворено
Отворен 1874
www.skuespilhus.dk/

Историја

уреди

Со отворањето на Паркот Тиволи во 1874 година, во него имало театар којшто бил сместен во внатрешноста на влезот на денешниот театар. Градбата била изработена од дрво и обоено платно, а по низа реконструкции и поправки, конечно било одлучено да се замени со посовремена градба во 1873 година. Архитектот Вилхелм Далеруп, кој во тоа време работел на градбата на Кралскиот театар на Данска, ја добил задачата да даде предлог и следната 1874 година го претставил моделот на паунски театар во кинески стил. Далеруп никогаш не бил во Кина, но пронашол инспирација од сликите на градбите позајмени од инженер кој живеел на Далечниот Исток.[1] Техничката страна на проектот била извршена од страна на театарскиот директор и Пјеро Нилс Хендрик Волкерсен, при што материјалот за изградба и логистичката поддршка била обезбедена од Поморската база Холмен.[1]

Архитектура

уреди
 
Бината со пауновата опашка

Градбата има облик на играчка и е изградена во кинески стил. Се одликува по механичката завеса во предниот дел, чиј механизам работи како паунова опашка, за што е потребна помош од пет лица. Театарот има простор за 120 седишта или за стоење на околу 1.000 лица.

Репертоар

уреди

Репертоарот во театарот се состои од традиционални пантомими, балетски претстави и современи поекспириментални изведби.

Пантомима

уреди
 
Арлекин и Коломбина за време на претстава

Традицијата на пантомима во театарот е мешавина на повеќе елементи кои се меѓусебно неповрзани. Кога пауновата опашка се спушта, на бината се појавува сцена од Копенхаген во минатото, во домот на старомодниот Касандер, кој живее осамен со својата убава ќерка Колумбина. Нејасено е што се случило со нејзината мајка. Касандер е потпомогнат од неговиот слуга Пјеро, кој има бело лице како кловн. Касандеровиот соперник против кого постојано се бори е Арлекин — шармантен, маскиран подлец со малку пари зад неговото име, но кој е силно заљубен во Колумбина и често е добро поврзан со пријателски волшебник или самовила. Музиката за време на изведбата може да биде од повеќе композитори, како на пример Јохан Штраус, Волфганг Амадеус Моцарт или Шарл Гуно. Изборот на музиката е правен со цел да одговара на текот на дејствието и движењата во пантомимата.

Балет

уреди

Балетските претстави вклучуваат примери од данскиот Бурнонвилски стил, како и современи танци. Кралицата Маргарета на неколку наврати учествувала во костимографијата и сценографијата, вклучувајќи ги балетите засновани на бајките „Девојчето со кибритчињата“ и „Свињар“ од Ханс Кристијан Андерсен во 2007[2] и 2009 година. Меѓу кореографите кои работеле на дела изведувани во театарот се вбројуваат и Дина Бјерн, Лујза Мидјорд, Пол Џејмс Руни и Јан Роу.

Други изведби

уреди

Од 2003 година, во програмата се вклучени и современи жанри, како што се пантомима со џез-танц и хип-хоп.

Соработници

уреди

Познати уметници кои соработувале со Пантомимскиот театар се:Artists who have worked with the Pantomime Theatre include:

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Pantomimes“. Erik Østergaard. Посетено на 2009-06-22.
  2. „Ind bag fugletæppet i Tivoli“. Berlingske. Посетено на 22 јуни 2009.

Надворешни врски

уреди

55°40′28″N 12°33′59″E / 55.6745° СГШ; 12.5665° ИГД / 55.6745; 12.5665