Панта Џамбазоски
Панта Џамбазоски — македонски тапанар и новинар. Тој е автор на името на една од најдобрите македонски рок бендови, Мизар, каде членувал седум години. Потоа кратко време поминал во Берлин гори. Кон крајот на 1988. година Панта Џамбазоски станал првиот тапанар на групата Архангел. Во моментов работи во една од најгледаните приватни телевизии во Македонија - телевизија Телма. Новинарската кариера ја започнал во списанието „Млад Борец“, каде најпрво бил уредник од областа на музиката, а потоа преминал во политичката рубрика. Потоа беше уредник во македонскиот дневен весник Нова Македонија.
Панта Џамбазоски | |
---|---|
Панта Џамбазоски | |
Животописни податоци | |
Роден(а) | 9 октомври 1960 |
Потекло | Скопје, Македонија |
Жанрови | хард рок, хеви метал дарк вејв |
Занимања | Тапанар, новинар |
Инструменти | тапани, бас, гитара, вокал |
Период на активност | 1982 - денес |
Соработници | Мизар, Архангел, Берлин гори |
Значајни инструменти | |
Premier |
Надворешни врски
уреди- Телевизија Телма
- Официјална страница на Мизар Архивирано на 6 февруари 2006 г.
- Статија на Password продукција
Оваа статија македонски музичар е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |